1018 hPa
86 %
-2 °C
Скопје - Чет, 19.02.2026 01:59
Врне во Риека. Доцна е. Наоѓаме
Пеко и ми купуваш кожени чевли,
за два броја поголеми. Шлапкам
по калдрмата дури одминуваме луѓе
со чадори и ете ја кафената дрвена
врата на некоја пржилница за риба
и морски плодови. Нарачуваш лигњи
и помфрит. Лигњи пробувам првпат
и се вљубувам во крцкавиве солени
крукчиња, па ме обзема среќа; јас сум
најсреќното дете на светов, со нови
чевли и со татко ми дојден да ме носи
на море. Одам на море со татко ми
и иако сте разведени, нема ништо
да се промени; кога летово ќе заврши,
пак ќе дојдеш, нема да ме заборавиш.