Оваа брана нема уште долго да ви држи

20.08.2025 12:48

Во држава во која пералната на Клиника не работи и е бактериолошка бомба, каде пациентите со години сами си носат чиста постелнина, а секоја друга криминална пералница работи, големите партии мислат дека ќе ги исперат прљавите газови на владините и опозициските политичари, со тоа што ќе им го загорчат животот на независните и ќе им го отежнат животот на граѓаните со чиста совест.

И политиките на големите партии и нивните ситни пратеници испаѓаат смешни, ќе завршат како смешни додека се мислат за моќни. Излегуваат како робови, а се мислат газди.

Е тоа е трагедијата на нашата политика и општество, што дотолку сте забегани, толку спремни да ја заштитите вашата забеганост, што сте отворено мизерни и очајни.

Оваа брана нема уште долго да ви држи.

Ивор Мицковски, Фејсбук, 16.08.25.