1009 hPa
76 %
9 °C
Скопје - Вто, 10.02.2026 12:59

Миодраг Мицев, славниот скопски психијатар (и стручњак за алкохолизам), бил еден од честите гости кај „Јоле“.
Еднаш Бранко Тричковски го навредил великанот Петре М. Андреевски, во присуство на Мицев:
‒ Ти, Петре, си писател за седмо одделение, отприлика... А ти бе, Миодраг, кое одделение си па ти?! ‒ прашал пијаниот Тричковски.
‒ Нервно ‒ одговорил психијатарот.
***
На Бранко Героски на нерви му оделе либералните колумни на новинарот Ѕвездан Георгиевски Ѕвеки, плус неговата боемштина. Та затоа смислувал контра анегдоти. Еве една.
Небото нарачало лоза од Ѕвездан Георгиевски, познат скопски ракијар. Кога човекот тргнал кон небото сретнал ангел. Ангелот прашал: „Што носиш, добар човеку?“ Човекот одговорил: „Небу лоза.“
Ова ко Пандалф Вулкански да ти го пишувал, колега Геро. Тешко се разбира, плус со падежи, можда великанот Петре М. Андреевски би можел да го разгатне ‒ прокоментирал Ѕвездан, а Героски дотолку се изнервирал.
.jpg)
***
Еднаш кај „Јоле“ Бранко Тричковски раскажал виц:
‒ Лавот ги собрал сите животни од џунглата и им наредил: „Убавите ќе застанат од левата страна на потокот, а интелигентните од десната“. Животните почнале да се редат и брзо си ги зазеле местата. Само Бранко Героски стоела здрвен во место. Тогаш лавот се свртел кон него: „Геро, што чекаш бе па ти?!“ „Епа тогаш да се расчеречам!“, одговорил Бранко Героски.
Штамата после вицот на Тричковски ја прекинал легендарниот новинар Небојша Јаконов кој божем наивно прашал: „Колку кај ’Јоле’ чини печено пиле живо ме интересира“.
.jpg)
***
Бранко Героски и Бранко Тричковски стоеле на скокалница на базен. Тричковски се спремал да скокне.
Героски рекол: „Вака кога те гледам ми личиш на орел.“
„Заради фигурата?“, прашал Тричковски.
„Не, заради ноктите на нозете“, одговорил Героски.
***
Славните новинарски бардови на „Нова Македонија“, боемите Бранко Заревски и Бранко Варошлија, отишле во „Јоле“ и таму ги затекнале младите новинари Бранко Тричковски и Бранко Героски.
„Ај да идеме у друга кафана“, му рекол Заревски на Варошлија.
.jpg)
Карикатури: Бил Вајтхед