Психоделични дрвја среде пустина

22.03.2011 09:44
Психоделични дрвја среде пустина

Дали сметате дека е во ред да се менува природата кога тоа се прави добронамерно, или треба да се остави онаква каква си е?

Уметникот од американската сојузна држава Колорадо, Куртис Килорн, си поигрува со природата, или поточно: со природата која е стара стотици години.

Имено, тој во пустината во Колорадо наоѓа стари исушени дрвја кои изгледаат осамено и тажно, и ги бои со силни, психоделични бои за да ги заживее и развесели. Куртис вели дека не сака да ги замаскира или да ги истакне на некој начин, бидејќи смета дека природата сама по себе е грациозна и прекрасна. Тој само сака да им вдахне малку повеќе живот за да не изгледаат толку депресивно и осамено.

Откако човек ќе ги погледне сликите, се добива впечаток дека Куртис успеал во својата намера.

Извор: awesomenator.com

ОкоБоли главаВицФото