Вредностите не се празна идеологија, јаки зборови и демагогии

01.09.2025 13:55

Премиерот упати порака и до првачињата и наставниците кои, како што рече, на најмалите треба да им пренесат знаење за две значајни вредности – семејството и татковината.

Ај семејство има и приватна димензија, мислам и чуство кон татковина може да има, ама вака јаки зборови, а татковината у пламен, у пепел, се загадено, се изгорено, воздух-вода-земја у отров претворени, вчера пола Скопје се отру од горење депонија и нешто после тука паламудење - учете за татковината!

Што конкретно да учат, како да ја учат, како апстракција, како дистопија, као шуплив наратив, или како конкретен ужас перпетуиран од неказнетите политичари и чинители, еве веќе повеќе од 30 години.

Вредностите не се празна идеологија, јаки зборови и демагогии, треба реалноста да ги пополни и надополни вредностите кои само ги декларирате и рекламирате.

Ивор Мицковски, Фејсбук, 01.09.25.