1004 hPa
72 %
14 °C
Скопје - Саб, 07.02.2026 13:59
После многу труд и понижувања еден средовечен брачен пар од Македонија, маж и жена, добиле работна дозвола и виза за Канада. Брзо по пристигнувањето, во Торонто отишле да посетат друг брачен пар, луѓе кои им помогнале во макотрпниот процес. Дојденците се изненадиле кога во ходникот на станот на пријателите ги виделе врамените фотографии на Никола Груевски и Христијан Мицкоски.
- Тука во Канада на ѕидот држите фотографии на македонски премиери?! - изненадено прашала гостинката.
- Одлично е против носталгијата - весело одговориле домаќините.