Анегдоти кај „Јоле“ (4) - Тричко и Геро (2)

01.09.2025 14:16
Анегдоти кај „Јоле“ (4) Тричко и Геро (2)

 

Бранко Тричковски му раскажувал виц на Бранко Героски:

‒ Никола Груевски дал оглас дека продава трактор. „Зашто го продаваш тракторот?!“, зачудено го прашале пастирот неговите верни соработници. „Ја продадов земјата и трактор веќе не ми треба“, искрено одговорил Груевски.

Додека Тричковски гласно си се смеел на сопствениот виц, Героски сериозно возвратил:

‒ Не ми се свиѓаат вакви вицови, со предавници и патриоти. Сè си има свое, сè си има време и цена ‒ рекол Героски.

‒ Викаш, нејќеш вицови со предавници и патриоти? Епа еве ти еден поинаков: Трчале Ивица и Марица, патриот и предавник, да речеме, околу маса. И Марица се удрила од ивица, ха ха ха!

***

‒ А овој виц го знаеш, Геро? ‒ го прашал Бранко Тричковски Бранко Героски во „Јоле“:

‒ Груевски фатил златна рипка. „Пушти ме и ќе ти исполнам една желба“, рекла рипката. „Сакам да бидам поинтелигентен“, рекол Грујо. И Златната рипка го претворила во Бранко Црвенковски. Ха ха ха!

‒ Глуп ти е вицов ‒ одговорил Героски.

‒ Чекај, не ти докажав. После тоа и Христијан Мицкоски ја фатил истата рипка и пак, истото, сакам да сум малце поинтелигентен, и се претворил во Никола Груевски, ха ха ха! ‒ грмел расположениот Тричковски, а навредениот Героски се преместил на друга маса.

***

Грк и Бугарин седеле во авион, до прозорецот и на средното седиште. Дошол чаталџијата-патриот Бранко Героски, седнал до нив, се раскомотил и ги соблекол чевлите. Гркот до прозорецот рекол: „Ќе одам по кока-кола.“

Героски му рекол: „Братче, да не се провлекуваш, јас ќе ти донесам.“

Додека Героски бил отсутен, Бугаринот му плукнал во чевелот, а набрзо истото го направил и Гркот, во другиот чевел.

Слетал авионот, Героски ги навлекол чевлите, се смуртил и рекол: „До кога, бре, оваа омраза, нетрпеливост, плукање во чевли, мочање во кока-кола?!“


***

Поради брзо возење полицаец го сопрел вознемирениот новинар Бранко Героски.

„Дајте ми го, ве молам, вашето име.“

„А како тогаш јас ќе се викам?!“, возвратил нервозниот новинар, посебно осетлив на идентитетските прашања.

***

Еднаш Бранко Тричковски и Бранко Героски толку се искарале што завршиле пред тричлениот новинарски суд на честа. Героски бил обвинител, а Тричковски се бранел.

Тричковски му рекол на Героски: „Зборуваш како будала!“

Героски возвратил: „Не знам кој е поголема будала!“

Морал да интервенира еден од судиите: „Полека, полека! Двајцата како да заборавате дека и ние сме тука!“



Карикатури: Дејв Коверли

ОкоБоли главаВицФото