1033 hPa
79 %
-6 °C
Скопје - Пон, 19.01.2026 06:59

Во 2025 на конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!” пристигнаа 10 прозни ракописи. Годинава првпат го заклучуваме конкурсот во септември, а не во декември, како што беше вообичаено. Причина е свеченото одбележување на дваесетгодишнината од наградата во рамките на книжевниот фестивал „Друга приказна“ во октомври. Еве ги насловите и авторите на десетте пристигнати ракописи:
Биљана Стојановска - Фрагменти
Мила Митевска - Фиока
Кристијан Фидановски, Urbi et orbi
Димитар Банов - Осум кратки
Адела Шефити - Утрото беше како и секое
Константина Поповска - Чуварот на островот
Драган Симоновски - Шалтер
Бети Каракулевска - Тајниот печат
Сребра Раштанова - Невидливата жена
Алфеј Делимитов - Фантазмагории и симулации
Во почетокот на следната недела жирито во состав Елена Митреска, Стефан Алијевиќ и Никола Гелевски ќе ги објави насловите на ракописите кои ќе влезат во потесен избор за наградата.
Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис Новите! изнесува 1000 евра (бруто) и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“ на издавачката куќа Темплум. Победникот на конкурсот ќе биде прогласен на десеттото издание на фестивалот „Друга приказна“ кој ќе се одржи од 10-12 октомври во културниот центар „Јадро“.
Спонзор на наградата е Комерцијална банка А.Д Скопје.
