Наместо разгледница

08.09.2025 11:54


На Влатко

Криво ти е што не учеше основно на хрватски?
Што не живееше во Макарска или во Карловац?
Што не заврши средно медицинско и медицина
во Загреб, што не стана и ти лекар како татко ти?

Криво ти е што не зборувате дома на хрватски?
Што не порасна со Нугатино, со Ледо сладоледи,
со детски емисии на радио на јазикот на мајка ти?

Криво ли ти е што не растеше блиску до библиотека
од која ќе читаше стотици детски книги на хрватски,
наместо, веројатно, две-трите што уште ги чуваш?
Купуваш ли и ти детски книги кога си во Хрватска?

Јас мислев за децата ги купувам; секојпат, за нив,
но кога им читам, им преведувам на македонски.
Мислиш и ним ќе им биде како нам? Што мислиш?

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
Општество / Европа / Балкан
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото