1011 hPa
46 %
20 °C
Скопје - Пон, 20.04.2026 17:59
Лудациве ставиле забрана за движење во шума и во септември. Значи, одвратни сте. Се јавив во МВР. Викам, дали смеам да одам на Средно Водно. Ми вика, можеш по нормален пат да одиш, а низ шума не. Како бе по нормален пат? Што значи нормален пат? По асфалтиран пат? А шума е таму каде што нема асфалт? Како тоа МВР го замислува и до кога со ограничувањата?
Сите дискотеки ги затворивте, човек не може да се релаксира за викенд. Базенот Борис уште е затворен. Скопје е хорор. Ми се гади од тоа колку сè е пореметено и ненормално.
Томислав Каранфиловски, Фејсбук, 09.09.25.