1005 hPa
83 %
21 °C
Скопје - Вто, 10.09.2024 01:59
Забеганоста на Груевски оди дотаму што е подготвен да ја запали целата земја само за по секоја цена да остане на власт.
Притоа, влогот од ден на ден станува сè поголем, зашто ескалацијата на напнатостите (линија која оди угоре од првиот ден на владеењето на груевизмот) не може да трае бескрајно; еден ден целото лудило ќе отиде по ѓаволите и ќе се распадне целиот политички инженеринг на постојано создавање тензии и непријатели. Проблемот е што во вителот на тоа распаѓање на груевизмот може да заврши и целата држава - толку работите се затегнати.
Зашто велам дека Груевски затега дури и таму кајшто затегањето му прави штета? На пример, одржувањето фер и демократски избори НЕ ТРЕБА да биде работа на преговарање. Тоа е една од најсериозните обврски на државата (кај нас, за жал, претворена во партија), оти плурализмот и демократијата се темелот и смислата на целокупниот поредок. Затоа е апсурдно да се преговара за основното! (Како при фудбалски натпревар да се преговара дали за гостувачката екипа ќе владеат баш истите правила како за домашната екипа.) Не постои поредок, не постои цивилизација без фер и демократски избори! Но, под груевизмот регресиравме толку многу што денес дури и за најтемелниот демократски предуслов кај нас политичките елити преговараат, се ценкаат и уценуваат. На и онака од сиромаштија и грижи доволно збудалениот народ му долеваат нови безмилосни дози на страв и нервоза; крајно неодговорно (оти власта мора да смирува!, а не да создава пожари на секој чекор) се манипулира со чувствата на луѓето и се хушкаат едни на други, како ѕверови.
Ете, дури и да е најпопуларен политичар во земјава со своите 20% поддршка, какво право има Груевски да си игра со судбините на 80% од граѓаните?! Велат: ниедна власт не може да одлучи да го промени името на државата. Па, како тогаш некоја власт може да решава за, според мене, многу потемелна работа: правото на секој граѓанин да има фер и демократски политички избор?! Слабостите на изборниот систем не се измислица на опозицијата; тие слабости ги детектирале многумина, меѓу кои и владеачката партија тогаш кога била во опозиција. Неприфатливо е да аргументираме дека и порано било лошо, па сме терале! И во 1994 Собранието било без опозиција, па сме преживеале... Неприфатливо е да регресираме толку длабоко! Веќе сме заковани на сите европски дна и власта просто како да не сака да го прекине ова бескрајно претање во калта, на дното!
Многумина велат: груевизмот не е политички туку психијатриски проблем. Близок сум до тие сфаќања, но и свесен дека политичките импликации на „психијатриските проблеми“ знаат да бидат застрашувачки. (Забележав токму психопатолошки детаљ при едно скорешно интервју на пастирот кај Јанко Јадибурек; Јанко го прашува пастирот, отприлика: познати сте како човек кој е непопустлив токму кога некој од вас очајнички бара нешто? А пастирот гордо одговара: да, таков сум! Обајцата соговорници беа презадоволни со таквиот начин на разговарање, како да уживаат во прикриениот садизам и во паланечкиот мачизам. Гледајќи го тоа интервју ми текна на генијалниот филм на Томас Винтерберг, „Прослава“, кој баш зборува за патологијата на авторитетот. Кога на почетокот на филмот таткото ќе го прекинат кога на синот му раскажува простачки виц, тој се жали дека веќе никој не го почитува. Слично, кога на крајот од филмот ситуацијата конечно ќе експлодира, се руши привидот, пристојниот ритуал на семеен ручек; откако неговата ќерка јавно ќе ја прочита прошталната самоубиствена порака на својата сестра која тој секојдневно ја силувал, таткото побарува чаша вино за себе и ќерката за да наздрават за нејзиниот убав говор, а откако никој нема да се помрдне, почнува да вика, жалејќи се на недостаток од почит. Жижек вели: токму тоа е целосно почитување: почитување на авторитетната фигура дури и кога самата таа е обесхрабрувачка, понижувачка, опсцена... „Втората важна лекција од овој филм ни зборува дека е многу тешко да се прекине ритуалот кој го одржува привидот: дури и по оперативните понижувачки разоткривања на поранешните злодела на таткото, ритуалните „манири“ на ручекот сепак продолжуваат – она што тука се одржува не е реалното на траумата која се враќа и се спротивставува на симболизацијата, туку самиот симболички ритуал.“)
Рационалноста, значи, не помага многу при справувањето со груевизмот. За тоа веројатно е свесен и водачот на опозицијата, Црвенковски, избирајќи го истото налудничаво затегање на состојбите како своја политичка стратегија. Тој ќе мора да попушти (оти и силата и автентичното лудило како политички концепт стојат наспроти него), но своето попуштање ќе мора да го претстави како ум и одговорност. Попушта поумниот и поодговорниот. Дали граѓаните тоа ќе умеат да го препознаат зависи од вештината на опозицијата, но и од тоа колку е раширено лудилото на груевизмот, колку празниот авторитет, ритуалите на привидот, чаталањето, кулисите и произведувањето непријатели станале наша културна матрица (а дека станале - станале, во овие пет луди години; и дека сами од себе нема да исчезнат - нема да исчезнат, ако не ги поттурнеме).
Воочи предвремениве избори, значи, мораме да бидеме свесни: „тешко е да се прекине ритуалот кој го одржува привидот“. Но, друго чаре немаме.
Извор: Глобус, 22.03.11.
Слики: Ruth Ishbel Munro
Абе Окно, а некој текст за
Испратено на 22 март 2011 од ГоцеАбе Окно, а некој текст за состојбата во и околу Либија да напишевте? Секој ден отворам и очекувам некое текстче, за Либија, меѓународната акција против Гадафи, новиот светски поредок и дипломатија (со оглед на тоа дека има коментатори и аналитичари кои одлично ги познаваат тие сфери), ама ништо, па ништо.
Драг Гоце се е тоа во ред,
Испратено на 22 март 2011 од АнонименНнННДраг Гоце се е тоа во ред, ама тука се “кака“ само за таканречениот “диктаторски режим“ на груевизмот и нема простор за некоја си Либија ( како да ти кажам ама никој не плаќа за тоа ).
Гоце прати ми 200 евра на
Испратено на 22 март 2011 од Фан на СоросГоце прати ми 200 евра на жиро сметка 132300000007565, цел на дознака "За Либија (и напиши дали сакаш текст про-гадафи или контра гадафи), извести ме за трансферот на мејл sorosdemokratija@okno.mk
Батка, горе лево на Окно има
Испратено на 22 март 2011 од АлатничарБатка, горе лево на Окно има пребарувач. Укуцај збор (на пример, Либија) и глеј што ќе се случи. Не замарај народ со твојата глупост и неинформираност.
Еве девет текстови за Либија
Испратено на 22 март 2011 од koljaЕве девет текстови за Либија и регионот на Окно од последниве дваесетина дена:
Де се мразат, де се сакаат: Либија и ЕУ
http://www.okno.mk/node/10025
Егзодус од библиски размери
http://www.okno.mk/node/10373
Во револуционерниот Бенгази
http://www.okno.mk/node/10196
Автократот кој секогаш се дочекува на нозе
http://www.okno.mk/node/10057
аков татко, таков син
http://www.okno.mk/node/10342
Нови решенија за старите конфликти
http://www.okno.mk/node/10577
Каде би завршил Гадафи?
http://www.okno.mk/node/10208
Народи под чизмата на диктатурата
http://www.okno.mk/node/10288
Јасмин револуција
http://www.okno.mk/node/9466
Само еден прочитав претходно
Испратено на 22 март 2011 од ГоцеСамо еден прочитав претходно („Каков татко, таков син“). Во брзање проверувам, башка и не сум јас толку интелигентен како вас, дете на работници од фабрика во Прилеп. Сакав да речам, на брзинка како што проверувам, ниту еднаш не можев да видам нешто за Либија на насловна страна од ко се разгори кризата таму, особено последниве 2-3 дена со нападот на САД, Франција.
Изродбенички шупци, не само
Испратено на 22 март 2011 од koljaИзродбенички шупци, не само што ништо не читате и ништо не следите (ги следите, уствари, инструкциите од штабот, ама и тоа килаво и аљкаво), туку и осамените два молекула во главите не ви комуницираат.
Неколку пати сме напишале: целокупниот буџет на Окно изминативе две години изнесуваше 25 илјади евра (по 12,5 годишно, т.е. 1000 евра месечно, во просек). Поголемиот дел од тие пари ги обезбеди ФИООМ. Со тие пари е платена постојаната работа на барем десетина луѓе и повремената работа на десетици други луѓе (што значи, станува збор за многу скромни хонорари).
Самиот не земам пари ниту за работата на Окно, ниту за пишувањето во Глобус (оти неделникот има финансиски проблеми и веќе половина година не плаќа хонорари). Сеедно, пишувам зашто верувам во борбата за слобода и демократија. И зашто сметам дека во моментов за ниеден нормален човек нема поголем приоритет отколку борбата против лудачкиот и пљачкашки груевизам, а за слобода и демократија. Таа борба со пари не се купува.
а вакво нешто да не
Испратено на 23 март 2011 од Пари на ракаа вакво нешто да не има...случајно?
Интересни се изродбениците:
Испратено на 22 март 2011 од Економско-политички аналитичарИнтересни се изродбениците: Груевски ДНЕВНО само на пропаганда трошо околу 100.000 евра! (годишно, околу 30 милиони)
А инаку, во овие речиси пет години опустошување на Македонија Груевски (заедно со кумот, братучедот и другата фамилија) трошеа околу 8 МИЛИОНИ ЕВРА ДНЕВНО! Осум милиона дневно - народни пари.
А зашто викам, интересни се штакорите од изродбеничките подруми? Зашто им е гајле за осумте милиона евра дневно, што пастирот ги цеди од намачените граѓани! Зашто им е гајле за стоте илјади евра ДНЕВНО што одат за Латаси, Томиќи, Јадибуреци, Мирки, Републики, Миленковци и други пропагандни работници на изродбата. А гајле им е за иљаду евра месечно, колку што е целокупниот буџет на Окно!? (тоа е четвртина од месечната плата на Латас, кој еднаш се фалеше, баш кај Јадибурек, дека цица по 2 иљадарки од Вечер и од Сител).
Ах, изродбеници! Како ве вртат! Ко мали деца! А, ги мрзите шипосите, соросоидите, ЕУ и Америка?! Ако, браќа, така треба, така се полнат џеповите на вашите шефови! Стоко изродбеничка!
Не се согласувам со Гелевски
Испратено на 22 март 2011 од НекомпромисерНе се согласувам со Гелевски дека Црвенковски треба да му попушти на „лудиот“ Груевски. Тоа никако не смее да се случи! СДСМ треба да истрае на сите разумни барања, комплет со ослободувањето на А1 ТВ. Верувам дека и Гелевски тоа го мисли, иако е малку нејасен во вториот дел на текстот... На Груевски не му се даваат прсти; Груевски голта цели раце, бетер од крокодил! Со него мора да се игра тврдо и цврсто. Ако се’ отиде по ѓаволите - па нека отиде! Нели подобро беше крај на агонијата отколку агонија без крај?!
Наполно ја прифаќам вашата
Испратено на 22 март 2011 од КољаНаполно ја прифаќам вашата критика во делот околу компромисот што Црвенковски би требало да го направи во однос на Груевски! За А1 треба да се биде тврд и да не се оди на избори, без слободни медиуми. Компромисот што Црвенковски би можел да го понуди е во четвртата точка, околу распределбата на владините пари за кампањи. Ви благодарам на разумниот и конструктивниот коментар!
коља..ти си A1:):):)...а во
Испратено на 22 март 2011 од Анонимен 2коља..ти си A1:):):)...а во исто време си и тажна и безидејна личност. жалам за тебе.
А бе нели гледаш дека Коља
Испратено на 24 март 2011 од 888888888А бе нели гледаш дека Коља сам си напраи муабет? :D Страшно! :D
Он само сам на себе може да си каже „Потполно се согласувам со тебе“. :))))
"паланечкиот мачизам" тоа е
Испратено на 22 март 2011 од Десет до два"паланечкиот мачизам" тоа е хахахахаха
Леле луѓе шо ќе праиме со триумфалнава капија, од балкон ја гледам ми се повраќа, лакот го напраиле дајте нешо да ја минираме ќе ја гаѓам со базука....
Анд оне море тинг абаоут Либија:
One F-15 down, a shitload to go....hahahha
Основната разлика што ја
Испратено на 23 март 2011 од ФилософОсновната разлика што ја согледувам на полето на организираноста и успешноста помеѓу груевизмот и опозиционото настапување е за жал засега на штета на опозицијата.
Имено, груевизмот настапува во налудничав, псевдомачистички, примитивен манир, но сепак е затворен и отпорен по својата природа. Тој еманира пораки, а не преиспитува. Бидејќи е воден од еден пропаганден центар, а и неговите клучни претставници следат определена матрица на зборување и однесување, делува кохерентно и стабилно. И покрај во суштина баналните и упростени дискурси.
Опозицискиот кампус ја изработува својата стратегија во од. Колумнистите и аналитичарите јавно ги преиспитуваат своите ставови и се обидуваат низ јавна дебата да ги споделат наодите и да го разобличат груевизмот. Се забележува дека опозицијата се уште нема заокружена стратегија, особено пропаганден настап. Наместо нив работата ја супституираат НГО-ата, поедини интелектуалци итн. Кои заради тоа се најмногу на удар на груевистите. (Иако интелектуалците тоа настап го прават од сопствени побуди, без пропагандна намера)
Неколкуте посериозни акции на опозицијата (масовни митинзи) покажаа дека доколку таа е проактивна може брзо да ги освои симпатиите на граѓаните.
Со груевистите не може да се очекува фер натпревар. Инсистирањето на расчистени пропозиции не води кон резултат. Очигледно клучното очекување дека ќе се успее да се придобие меѓународното јавно мнение повеќепати се изјалови. Тоа, ми се чини заради геостратешките интереси на големите сили, ќе остане и понатаму латентно на страна на власта (ова може да се елаборира во друга прилика). Со пасивизацијата опозицијата само му го препушта просторот на груевски, кој пак така останува на свој терен каде со бескрајните лопати, капења и возни билети ќе продолжи да ја замајува јавноста.
Опозицијата мора да прифати дека ќе трча нерамноправна трка. Дека салонските манири ќе треба да ги земени со одење од врата до врата. Ако мора да ги оптимизира финансиските ресурси, нема да може да си ги штеди нозете.
Убеден дека нема да победи минутажата туку уверливоста на пораките. Од тие причини потребно е да се влучат голем број на автентично загрижени и оштетени граѓани, чии пораки лесно ќе бидат препознатливи од страна на бирачите.
Токму така, преговараме за
Испратено на 23 март 2011 од ВселенецТокму така, преговараме за работи што би требало да се подразбираат. Се согласувам и со квалификацијата дека груевизмот е психопатолошки феномен, или барем има и таква димензија. Груевски не само што сака по секоја цена да владее и да краде што повеќе пари, тоа впрочем го правеле и други, но кај него недвојбено може да се забележи и извесна манијакалност. Е сега, Бранко Црвенковски е премногу одамна во политиката за да направи таква почетничка грешка кога е А1 во прашање. Не смееше да му даде на Груевски алиби за да ја држи А1 затворена. Не требаше јавно да го испорача барањето, бидејќи на сите ни е јасно дека Груевски нема да каже оти прифаќа и оти ќе направи притисок врз судот. Освен тоа, ја знаеме веќе, како што спомнува и Гелевски во текстот, неговата страст да не попушта баш кога сите го бараат тоа од него. Тоа барање требаше да се испорача посуптилно, не ги познавам сите политички механизми, но мислам дека СДСМ направи голема грешка, можеби намерно, а вовлече и мнозина во нивната игра. СДСМ мора да созрее, ако сака воопшто да има некаков успех и да може со полно право да бара од граѓаните поддршка за уривање на Грујо. А може и подобра варијанта е, малите партии уште повеќе да зајакнат, а Црвенковски да објави дека тој нема да биде идниот премиер. Така, ќе се оствари простор ОМ и ЛДП да коалицираат со СДСМ, а не и со ДПМНЕ, бидејќи нели Груевски нема намера да се повлекува, а од двете партии недвосмислено изјавија дека коалицирање со Бранко и Грујо не доаѓа предвид. Тоа е веќе гарантиран пораз за ДПМНЕ на изборите.
Да додадам дека груевизмот во
Испратено на 23 март 2011 од ФилософДа додадам дека груевизмот во основа е далеку од семоќен и ефикасен. Тоа лесно може да се види во државните институции, каде работата е запуштена, примен е некомпетентен кадар, нема процедури и правила, и сл. Нагласокот е на непочитување и на правилата и на здравиот разум, што се компензира со репресија. Значи стратегијата треба да се прилагоди на ситуацијата. Се сомневам во успешноста на бојкотот (граѓаните ќе отстапат пред репресијата на полицијата во случај на протести на денот на изборите, а како што реков странскиот фактор, можеби индиректно, веројатно ќе му даде за право на Груевски).
Браво бе Кољка ! Се точно си
Испратено на 23 март 2011 од AnaplastБраво бе Кољка !
Се точно си напишал , ама јас да сум Бране ќе одам на избори по секоја цена и ќе победам , и Црна Гуја ќе замине со Болдрик.
Ама Бране го имаме затоа не не бива !! така да следниот пат пиши нешто и за Бране како да го смениме и да победиме !!
Така е другар Коља одиме во
Испратено на 23 март 2011 од BrankovistТака е другар Коља одиме во победа против Груевизмот! Да ни е вечен другарот Бранко и нека не води уште илјада лета!
„одржувањето фер и
Испратено на 24 март 2011 од 888888888„одржувањето фер и демократски избори НЕ ТРЕБА да биде работа на преговарање“
- Никола Гелевски
Да, и баш затоа, требаше да има избори што поскоро. Арно ама... Некој мора да чека да му се „дигне“ (рејтингот?). ;)