1014 hPa
52 %
18 °C
Скопје - Пет, 17.04.2026 22:59

Атентатот врз десничарскиот инфлуенсер Чарли Кирк (1993–2025), кој беше влијателна фигура на движењето МАГА и агитатор за американскиот претседател Доналд Трамп, го окупираше американското јавно мислење.
Осомничениот за убиството, Тајлер Робинсон, е уапсен, а мотивите за убиството сè уште не ѝ се познати на јавноста. На социјалните мрежи по апсењето се појави информација дека Робинсон е регистриран републиканец, но се покажа дека е регистриран како неповрзан со политичката партија и е наведено дека е „неактивен“, што значи дека не гласал на ниту едни од последните два изборни циклуси.
Сепак, најдобро е да дозволиме Кирк самиот да се претстави со свои зборови, па во продолжение објавуваме петнаесет негови репрезентативни изјави кои совршено го илустрираат неговиот политички профил и човечки формат:
„Ако имам работа со некоја во службата за корисници која е идиотска црнкиња, се прашувам дали таму е поради нејзината способност или е поради позитивна дискриминација?“
„Мартин Лутер Кинг беше ужасен. Тој не беше добра личност. Направивме огромна грешка кога го донесовме Законот за граѓански права во 1960-тите.“
„Отфрли го феминизмот. Покори му се на својот сопруг, Тејлор (Свифт). Ти не си главна.“
„Вреди да се плати цената, за жал, неколку смртни случаи од огнено оружје секоја година, за да можеме да го имаме Вториот амандман кој ќе ги заштити нашите други божји дадени права. Тоа е разумна зделка. Никогаш нема да живеете во општество каде што имате вооружени граѓани и нема да имате ниту една смрт од огнено оружје. Тоа е бесмислица. Тоа се глупости. Но мислам дека се исплати.“
„Всушност не го поднесувам зборот емпатија. Мислам дека емпатијата е измислен нју-ејџ израз кој прави голема штета.“
„Одговорот е: бебето би било родено.“ (Реакција на прашање дали би го поддржал абортусот кога некој ќе ја силува неговата 10-годишна ќерка.)
„Дозволуваме масакар на милион и пол бебиња годишно под превезот на репродуктивното здравје на жените. Дозволуваме да се одземаат и отфрлаат бебиња секоја година, само велејќи дека не се луѓе. Никогаш не е правилно да се оправда масовно убиство на луѓе под изговор дека се непосакувани. Така го добивме Аушвиц, така го добивме најголемиот ужас на 20-тиот век. Абортусот е полош од Холокаустот. Полош е. Зборуваме за 45 милиони бебиња. Тоа е речиси осум пати полошо од Холокаустот.“
„Се извинувам, но ако видам црн пилот, веднаш ќе речам: ‘Се надевам дека е квалификуван.’“
„Сите луѓе се создадени еднакви во очите на Бога, сите мажи и жени, но не се сите култури создадени еднакви. Ако го кажете тоа, ќе ве нападнат од сите страни, но простете ми кога ќе кажам дека западната цивилизација е најдоброто нешто што го создало човештвото. Тоа е последица на Библијата.“
„Многу работи може да се кажат за Доналд Трамп, но никој никогаш не го нарече женствен. Трамп е огромен среден прст за сите врескачки редари кои напаѓаа млади мажи само затоа што постојат. Тој е огромно ‘FUCK YOU’ за феминистичкиот естаблишмент кој никогаш не беше предизвикан пред Трамп да се симне по златните подвижни скали.“
„Исламот е меч со кој левицата ѝ го пресекува гркланот на Америка.“
„Една од причините зошто преживуваме уставна криза е тоа што повеќе немаме христијанска нација, туку имаме христијанска форма на владеење, а тие две не се компатибилни. Не можете да имате слобода ако немате христијанско население.“
„Не постои одвоеност на црквата од државата. Тоа е измислица, тоа е фикција, тоа не е во уставот. Тоа го измислија секуларните хуманисти.“
„Едно прашање за кое мислам дека е толку спротивно на нашите сетила, значи спротивно на природниот закон, и се осмелувам да кажам дека е пулсирачки среден прст кон Бога, а тоа е трансродовоста што моментално се случува во Америка.“
„Факт е дека во урбаната Америка црнците се шетаат и од забава одат да напаѓаат белци. Тоа се случува сè почесто.“
.jpg)
Карикатури: Antonio Rodríguez
Извор: https://lupiga.com/