Кој дозволи убиецот да е на слобода по толку пријави?

16.09.2025 09:17

Росица (31) барала помош. Барала помош кога ја тепал, барала помош кога ѝ се заканувал, барала помош кога ѝ ја запалил колата, барала помош кога видела дека не ѝ помага никој и се плашела дека ќе ја убие. Ја убил. И нејзе и татко ѝ.

И сега ќе тече истрагата, по кој редослед и како? Истрагата може да почне од тоа кој не постапувал? СВР Велес, ЈО, не знам, некој не постапувал. Некој сметал дека убиецот, тој човечки отпадок, треба да е на слобода, за да може да ја малтретира девојката. Некој не видел проблем во тоа.

Прашањето е, кој е тој никој? Тоа сакаме да го знаеме. Кого плаќаме за помош, а не помага? Зошто институциите не ѝ помогнале на Росица по толку молење за помош?

Некој мора да понесе одговорност, Росица и татко ѝ немаат само еден убиец. Со години збориме дека не се постапува, дека треба законот да се смени - и ништо. Звук од штурчиња и ветерче во позадина. Кој дозволи убиецот да е на слобода по толку пријави? Кој?!

Ина Многуфина, Фејсбук, 16.09.25.