Фотографии од протестот „Ниту една повеќе!“

19.09.25 12:31

Пренесуваме фотографии од вчерашниот протест против „крахот на системот и игнорантниот однос на надлежните, полицијата, обвинителството и судовите, кои дозволуваат да се случува континуирано насилство врз жени, што доведува до фемициди, и покрај пријавувањето и повиците за помош и заштита“. Непосреден повод за протестот беше уште едно убиство на девојка од Велес и на нејзиниот татко. На 15 септември 2025 година Р.К. (31) беше убиена од нејзиниот поранешен партнер И.С (39) од Скопје, кого неколку пати го пријавувала за насилство.

Организатор на протестот е Хелсиншкиот комитет за човекови права. Зборуваа Калиа Димитрова од феминистичкиот портал „Медуза“ и Марта Стевковска од мрежата „Стела“. Протестот почна пред Министерството за внатрешни работи, а заврши кај паркот „Жена борец“. Учесниците извикуваа „Ниту една повеќе!“ и носеа транспаренти на кои беше испишано „Од непостапување – до погребување“, „Направете специјална полициска единица која веднаш ќе реагира по пријава“, „Сите ние сме Росица“ итн.

 Повеќе фотографии

 

 

Слични содржини

Општество / Активизам / Фотографија / Квир / Око
Општество / Активизам / Фотографија / Квир / Око
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото