До кога со кражби и злоупотреби на македонскиот музички фолклор?

22.09.2025 00:23
До кога со кражби и злоупотреби на македонскиот музички фолклор?

На кратко:

1. При постирањето на видеото со орото Поступано на Јутјуб каналот на БужАр (16 септември 2025 година), во изведба на Оркестарот на народни инструменти при МРТ (во времето на снимањето РТС – Радио Телевизија Скопје), се појави ограничување дека правата за него ги поседува Croatia Records (!?).
2. Веднаш, во дополнителниот текст на Jутјуб, автоматски се појави слика од плоча на која стои дека ората ги изведува оркестарот на Пеце Атанасовски, а орото е Беранче.
3. Беранче е сосема друго оро со друго темпо (побавно) и метрика 12/8, за разлика од Поступано кое е 13/8.
4. Можам само да замислам што би се случило: ако во некоја условна изведба, место Тамбурашкиот орекстар на ХРТ, стои името на неговиот концерт мајстор, или најдобар солист; наместо песната, на пример Невен вене, стои – Лепе ти је; и ако на крајот, производот е заштитен во Македонија (!?).

На долго:

Кражбите и злоупотребите со македонскиот музички фолклор се позната работа со децении; посебно поради сложената геополитичка ситуација во регионот; економската состојба во земјата и можноста за профитирање; незаинтересираните институции, посебно оние кои се платени да се бават со негувањето и заштитата на фолклорот. Во периодот на ФНРЈ и СФРЈ, македонскиот фолклор беше многу ценет, со убедување дека тој е најубавиот и најбогатиот, и во бившата Југославија, и во регионот. Темата е голема и широка, и по 25 години активно делување на архивот БужАр, во кое залудно се обидувавме во сите државни институции да поттикнеме некаква активност за дигитално архивирање, и тоа без финансии, тендери, проекти финансирани од државата или спонзорства; кренавме раце и продолживме исклучиво да се бавиме со дигитализација и постирање. 25 годишнината ја дочекавме со 3.5 терабајти архив и над 420 видеа постирани на Јутјуб (и да не кажеме уште што се' друго).

Во постирањето ќе се појавеше по некое дело, кое беше заштитено, пред се' во доменот на авторските права, од современите автори од подрачјето на сериозната музика. Кога кај овој пост, неочекувано се појави дека орото е заштитено, почна да се одмоткува клопчето на контроверзата околу целиот случај.

Прво, ни падна во очи дека е погрешно името на орото – Беранче, наместо Поступано. Второ, дека е изведено од ансамблот на народни инструменти на Пеце Атанасовски.

Со аудиото (од Поступано), се појави и насловната страница од плоча, издадена од Југотон со Пеце Атанасовски на гајда, и во позадина, мостот Еленскок – Тресонче. Како што не' извести Јутјуб, аудиото може да се користи, но монетаризацијата ќе биде пренасочена кон сегашниот сопственик на Југотон, кој во 1990 година е преименуван како Croatia Records. На крајот на нашиот текст, под постот, се појави и сликата од корицата на плочата со линк до нивното аудио, кое е идентично со нашето.

Со дополнителното истражување дознавме дека плочата е снимена 1972 година (1 јануари !?), а на Јутјуб е поставена на 30 декември 2019 (!?).

Исто така дознавме дека ова аудио (видео) е дел од групата од 12 ора кои се издадени на истата плоча од 1972, односно поставени на Јутјуб во 2019 година.

Тоа се разбира не' поттикна да го започнеме истражувањето, кои се тие 12 ора, и кои се податоците од задната страна на корицата, за што ни помогна ВИ на ChatGPT. Клопчето почна да се одмотува натаму.

Најнапред се работи за плочата број – Jugoton LPY-50985.

Еве ги и останатите детали:

Verifiable details (useful when checking a back cover)
Title/credit: Ansambl narodnih instrumenata Pece Atanasovskoga — Makedonska narodna ora (Macedonian Folk Dances (Reels)); label: Jugoton; catalog: LPY-50985; year: 1972. (Discogs)
Tracklist (LP labels/back cover):
A: Beranče (Bajrače) / Staro Tikveško Oro / Žensko Pušteno Oro / Maškoto Oro / Zetovsko Oro / Nevestinsko Oro
B: Postupano Oro / Pravo Oro / Ovčepolsko Oro / Krivo Žensko Oro / Sitna Lisa / Ovčepolska Potrčulka. (Kupindo)
Liner-note tidbit often quoted as being on the back: a note by Gjoko Georgiev (MRT Skopje music editor) praising Tale Ognenovski (clarinet). This specific quote is documented in Ognenovski’s bio material and Wikipedia; it’s frequently attributed to the back cover of LPY-50985. (I haven’t been able to visually confirm it on a scan yet, but multiple sources cite it that way.) (Wikipedia)

ChatGPT ги реконструира и податоците како изгледала задната страна на корицата за плочата, што овде ќе го прескокнеме, бидејќи и во нив нема назнака за членовите на ансамблот, односно ансамблите.

Кога ги споредивме со податоците од тетратката на Живко Фирфов, за нашата дигитализирана касетна колекција, се појавија истите ора, само со заменет редослед на страните, односно без страни, како една целина.

Но како што може овде да се види, овде Живко Фирфов навел повеќе различни ансамбли: од оркестарот на народни инструменти, до чалгии и зурли и тапани, и на крајот последното оро (број 12) преземено од ансамбл Танец од 1949 година. Веднаш станува јасно дека не се работи за еден, туку за повеќе оркестри/ансамбли. (Ова се потврдува и со преслушувањето на ората од плочата постирана на Јутјуб каналот на Croatia Records).
Ова е и првата касета од оваа приватна аудио колекција на доајенот на македонската етномузикологија Живко Фирфов, која ја добивме од неговиот син Милан Фирфов во 2002 година и комплетно ја дигитализиравме.

ChatGPT го реконструира и текстот на Ѓоко Ѓеоргиев, во преведена верзија на македонски јазик:

„Македонска народна ора“ — текст за омот (реконструкција)
Ѓоко Георгиев, музички уредник, Радио-телевизија Скопје, 1972

Во шаренилото на нашите јужни краеви, македонското оро има особено место. Тоа е музика за одење и вртеж, за свадби и за тивката гордост на селските вечери. Овие ора не се само чекори; тие се жива меморија—гласови на планини и полиња претворени во ритам.

Под сигурната рака на Пеце Атанасовски, уметник пораснат со самиот здив на гајдата, ансамблот ги носи орото и песната како што нашиот народ ги знае: чисто, ненаметливо и сјајно. Гајдата води со трпко-сладок крик; кавалот и тамбурата одговараат со фин филигран; тапанот го чува срцевиот удар што ги крева нозете. Каде што треба, Пеце додава тивка обработка за сцената и грамофонот да му служат на обичајот без туѓ украс.

Од Старо тиквешко оро до гордата линија на Овчеполско, од женската мекост на Женско пуштено до жилавите завртувања на Машкото, секое парче го носи местото на своето раѓање. Слушајте ги тивкиот украс, свиоците на мелодијата—не за да се покаже вештина, туку за да прозбори јазикот на селото што знае кога да се насмее и кога да се загледа во копнеж.

Оваа плоча не е музеј, туку средба: печалбарска патна песна, невестински чекор, комшиско повикување „уште еднаш, за мерак“. Свирачите ја чуваат чалгиската дисциплина на ансамблот и оставаат простор за здивот на гајдарот, за извикот на играчот.

Нека овие жлебови ве однесат под камените мостови и покрај бистрите води од омотот. Ако ги знаете фигурите, нозете сами ќе ги најдат. Ако не, нека ве научи музиката—како што нас нè научила—како народ ја раскажува својата приказна во три чекори напред и еден на страна.

— Ѓоко Ѓеоргиев
Музички уредник, РТВ Скопје

Но, во овој текст не се споменуваат чалгиите, оркестарот на Танец, како и зурлите и тапаните. Тоа е еден лиричен текст, што одговара на стилот на новинарот и текстописец Ѓоко Ѓеоргиев.

Да се вратиме сега на аудиото од Живко Фирфов. Во него нема крцкања од преснимување на плоча, што значи дека е преснимено од оригиналната лента која е користена за издавањето на плочата. Но, Живко Фирфов очигледно не учествувал во тој процес, бидејќи не би дозволил замена на Поступано и Беранче, би ги навел ансамблите, како што стои во неговата тетратка и како етномузиколог сигурно би бил ангажиран за пишувањето на текстот.

И сега почнува основните прашања:

1. Правата кои се заштитени
Овде нема авторски права (народно творештво). Според хрватските закони, сродните продуцентски права (овде означени со p) важат 50 години. Тие се поминати во 2022 година и со реиздавањето во 2019 година на јутјуб не може да се продолжат. Croatia Records би требало да прикаже и договор со сите учесници изведувачи кои учествувале во овие 12 ора, за да ги покрие изведувачките права.

2. Неточните податоци
Како што видовме неточни се и податоците за ората, односно изведувачите. Меѓутоа овде не е јасно како и по 53 години, никој не ги забележал грешките, посебно што целиот тираж плочи е исцрпен.

3. Кој и каде ги направил снимките
ChatGPT не успеа да пронајде во кои студија и кој ги направил снимките (!?). Многу е неверојатно дека ансамблите на РТС (сега МРТ), патувале до Загреб, вклучувајќи ги и зурлите и тапаните. Уште поинтересно е како е стигната снимката од Танец во оваа плоча.

4. Како се нашле оркестрите на РТС (МРТ) во изведбата на ората
Во нашиот пост на Јутјуб каналот на БужАр, ние ги наведовме препоставките кои се останатите солисти музичари во Поступано. Во проектот сигурно не учествувал РТС (МРТ), и што е уште поинтересно, во МРТ, по пребарувањата за Поступано, ја нема снимката од оваа варијанта (има повеќе во кои е солист Пеце Атанасовски, кој се има прочуено со солото на почетокот). При поставувањето на следните ора, ќе направиме и дополнителни пребарувања во архивите на МРТ за нив.

Според наше мислење оваа изведба на Поступано, без дилеми е и најдобрата, од сите што ги преслушавме и во неа, Пеце Атанасовски, но и останатите солисти креираат совршенство. Наспроти ова остануваат сите дилеми во тоа како е стигнат материјалот во Југотон.

Со текот на времето, дигитализацијата и поставувањето онлајн само дополнително ќе го заострува овој проблем, на кој нашите институции воопшто не му посветуваа и не му посветуваат внимание. Дотогаш – бујрум, користете додека се може.

Слични содржини

Општество / Став / Култура / Музика
Општество / Јавни простори / Култура / Уметност

ОкоБоли главаВицФото