Верверички!

23.09.2025 09:43

У принцип македонскиот карактер е антинаучен, антипроцедурален, антипромислен, антиподобрувачки, антирешавачки. Накусо: антиразвоен, антиработлив и антидобробитен.

Ако може просто да егзистираме, те така, со нула труд и максимум лезет и чешање стомак - супер. Дај му на македончето со ништо да не се замара, за ништо да не мисли, ништо да не прави и да се ослони на „природните текови“ - и оно ужива на максимум.

Јакото е шо нема ни да му е криво ако некои природни текови утре комплетно го удават и комплетно го снема. Македончето тоа го сфаќа како природно, „така требало“, „така сакал Господ“ и слично. Анти-иницијативност скроз. Како амеба шо овде е просто фрлена да ужива некој период и никој да не ѝ пречи во амебувањето. Ако изумреме, јбг изумреле и диносаурусите, битно јади пиј сери. Во меѓувреме, шо ти треба повеќе.

Статистиките постојат за да се попунуваат прилозите на вести, не за да се утврди некаква ситуација и да се смисли план и да се преземе акција за да се реши некаков проблем.

Сите са свесни кое дрво утре каде ќе падне и кого ќе утепа, која шахта ќе пропадне, кој мост ќе се сруши, кој пат колку е опасен и точно каде, која ќерамида ќе падне... и цело време маабетот е „не дај боже да се деси тоа“, а у меѓувреме никој не прави ништо за било шо.

Тогаш, некој ден, шахтата пропаѓа, патот убива по некое семејство, ќерамидата убива некој дедо, дрвото гмечи некое дете... и никому ништо. После се коментира друг проблем или дефект за кој сите се свесни а на никој, особено не на одговорните, не му текнува да го реши.

И сѐ така. По природните текови. Како животни шо никогаш не се освестиле дека се луѓе. Збирај желади зимото у дувлото и пази како скокаш преку гранката, може да паднеш у реката па да се удавиш! Верверички!

Душан Стојчев, Фејсбук, 23.09.25.