Пазете се од лажливиот март

23.03.2011 10:34
Пазете се од лажливиот март

Март е, сонцето блеска и пролетта е на дофат, а Велика Британија повторно бомбардира некоја странска земја. Доколку имавте некое силно чувство на веќе видено овој викенд, не се изненадувајте премногу.

Таа 1999 г. В. Британија имаше водечка улога во бомбардирањето на поранешната СР Југославија. Исто така, во 2003 г. Британците беа водечка сила која изврши бомбардирање и инвазија на Ирак.

Сега повторно сме тука – Либија.

Значи, ни рекоа дека мораме да интервенираме во Либија за „да го заштитиме либискиот народ“ од бруталните убиства на силите на Гадафи. Рекоа дека постои декларација за прекин на огнот, а Гадафи продолжил да пука врз цивилите. А на крајот на краиштата, и мораме да сториме нешто против диктаторот.

Нашето искуство со останатите мартовски воени акции во кои учествуваше В. Британија ни сугерира да направиме еден голем тест за моменталните намери поради кои влегуваме во војна.

Но, ајде да се вратиме во март 1999 г. Тогаш ни рекоа дека мораме да интервенираме поради лидерот на тогашна СР Југославија, бидејќи „врши геноцид кој е еднаков на Хитлеровиот во намерата да ги истреби Евреите“. Тоа не беше вистина.

Ирак 2003. Тогаш рекоа дека мораме да извршиме инвазија, бидејќи Садам Хусеин имал „оружје за масовно уништување кое може да биде активирано за 45 минути“.

Ни тоа не беше точно.

Она што се случуваше на Косово беше далеку од геноцидот кој Милошевиќ го предизвика во „стил на Хитлер“. Беше тоа судир на југословенската војска и Ослободителната војска на Косово која имаше силна поддршка од Западот. А што се однесува до злосторствата – ги имаше на обете страни.

А тврдењето за ирачкото оружје за масовно уништување беше само оправдување за воената инвазија на режимот кој Западот го поддржа во 1980-те, а потоа наеднаш посака да го сметне.

Во обата случаи, 1999 и 2003 г., нашите водачи нè лажеа за вистинските причини за учеството на нашата земја во воените интервенции. Како сега можеме да бидеме сигурни дека ова што се случува во 2011 е нешто поинакво?

Ако САД, Франција и В. Британија делуваа поради вистинска хуманитарна грижа за граѓаните во Либија, се поставува прашањето зошто немаше расправи за започнување слични акции против Бахреин или Јемен каде што минатата недела загинаа 45 лица во антивладините протести?

Поуката која може да се извлече од другите мартовски воени операции е дека интервенцијата на јавноста и’ се продава како оправдана и разумна, и дека таа е исклучиво насочена против диктаторот.

НАТО сметаше дека неколкудневното силно бомбардирање на СР Југославија ќе го избрка Милошевиќ во пештера – погрешна процена. Бомбардирањето траеше 78 дена, а на крајот југословенската војска остана непоразена.

Ирак... Нема да зборуваме.

И денес, поддржувачите на либиската акција, како што е ториевецот, полковникот Боб Стјуарт, предвидуваат дека силите на Гадафи „се веројатно некаде во пустината“. Но што ако тој се залага за воена акција како што беа 1999 и 2003? Што ако поддршката за Гадафи во Либија е многу поголема отколку што можевме да предвидиме?

Ништо... Потоа ќе се најдеме заглавени во уште една блискоисточна кал.

Интервенцијата во Либија секако дека е поразлична од оние во Ирак или СР Југославија. Либија беше официјално санкционирана од Советот за безбедност на ОН, но тоа не нè спречува повторно да бидеме цинични и да се запрашаме кои се вистинските причини за воената интервенција.

Приказните за „ослободување“ на луѓето и заштита на цивилите остануваат приказни. Војните во Ирак и СР Југославија беа класични империјалистички потфати, чија вистинска цел беше проширување на Западната економска и воена хегемонија.

Малку е веројатно дека најновата акција во МАРТ е нешто поинаква и со нешто поинакви намери.

Извор: guardian.co.uk

ОкоБоли главаВицФото