1024 hPa
39 %
18 °C
Скопје - Нед, 08.03.2026 14:59
Тоа се сите песни во твојот живот
чуени некогаш
во присуство на љубовта,
тоа што сега го слушаш.
Далеку негде триста хорови како да ги пеат
на триста места а едновремено,
така ти иде до слухот.
Тие пеат,
но сè потихо, сè потихо,
сè потихо,
и подалеку.
До молк.
Се гасат постепено испреметкани слики,
скипнува нагло сета музика во светот.
Не слушаш веќе ништо.