1024 hPa
93 %
2 °C
Скопје - Пет, 14.11.2025 02:59
Страшни се пасивноста, апатијата, молчењето, резигнацијата, пред ова што ни се случува. Како луѓето да не се свесни или добро информирани што точно ни се случува со низата пожари и какви долгорочни последици ќе има ова врз сите нас. И кога сè ќе ни биде навидум „нормално“, кога нема да ни смрди под носот, и кога нема да го гледаме црниот чад – оти нели така сме навикнати, да го регистрираме и да реагираме само на она што ќе ни помине низ сетилата.
Не сакам да верувам дека сме навикнале да живееме со вперен пиштол во глава, дека и ова ќе помине само со пискања по социјални мрежи. Дека ќе дишеме, јадеме и пиеме отров со години и никому ништо, дека сме до толку анестезирани или сервилни на политичкиот отпад.
Само радикални мерки, сè друго е марш во место.
Николина Андова Шопова, Фејсбук, 14.09.25.