Програма на „Друга приказна“ #10 (втор дел)

26.09.2025 13:59
Програма на „Друга приказна“ #10 (втор дел)

Од 10 до 12 октомври 2025, во културниот центар Јадро во Скопје.

(*Искористивме десет карикатури на генијалниот американски уметник Бил Вајтхед како графички материјал за нашата кампања за собирање пари за десеттото издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“.) 

 

ДРУГА ПРИКАЗНа #10, втор дел

10-12 октомври 2025, културен центар Јадро, Скопје

ПРОГРАМА

ПЕТОК, 10.10.25.

12.00. - Прогласување на победникот на конкурсот за најдобар дебитантски ракопис Новите! за 2025;

18.00. - Разговори и презентации: Миклавж Комељ (Љубљана) - Како да се мисли партизанската уметност; Лујо Парежанин (Загреб) и Сања Хорватинчиќ: Куќа, слово, папир - Од партизанската уметност до материјалната култура на НОБ;

20.30. - Промоција на списанието Маргина #97 и изложба: првите пет години на Друга приказна низ фотографии (изложуваат: Ванчо Џамбаски, Јелена Белиќ, Небојша Гелевски и Жарко Трајаноски);

21.00. - Врачување на главната награда на фестивалот на Светлана Слапшак (Љубљана); разговорот го води Никола Гелевски.

 

САБОТА, 11.10.25.

17.00. - Марија Арсенкова (Скопје) разговара со Мила Јовановиќ и Александар Кендришиќ, членови на студентското движење во Србија (Нови сад - Белград);

19.00. Презентација: Арпад Лебл во Битола (1936) - една предисторија на локалниот антифашизам - Ивана Хаџиевска (Битола);

20.00. - Одбележување 80 години од победата над фашизмот во Македонија и Југославија; АНТИФАШИЗМОТ ДЕНЕС, тркалезна маса: Миклавж Комељ, Елена Меснер, Ивана Хаџиевска и Никола Гелевски;

21.30. Концерт: Партизански песни - Мариана Бошковска и Димитриjе Бужаровски.

 

НЕДЕЛА, 12.10.25.

12.00.-15.00. - Работилница со ШКАРТ / 2 (Белград)

ПЕС ПЕВ СКАК СКАК / Нови песни на бунтот
(растурање напишани зборови и составување ненапишана музика)
работилница за препакување на раскази и песни во кратки музичко-ритмички форми
(донесете своја или туѓа поезија или проза и од неа ќе направиме микропесни за протести, пеење и скокање)

17.00. - Претставување на книгата Women and Partisan Art - Елена Меснер (Виена);

18.00. - Непрофитни медиуми, разговор - Бојан Шашевски (Скопје) разговара со Саша Ќириќ (Белград) и Лујо Парежанин (Загреб);

20.00. Разговор на Ивана Јовановска со Никола Гелевски, главниот уредник на Темплум и Друга приказна;

21.00. - 20 години награда „Новите!“, вечер на победниците.

Карикатури: Бил Вајтхед

Слични содржини

Општество / Активизам / Книжевност / Култура
Општество / Активизам / Книжевност / Култура
Општество / Активизам / Фотографија / Култура
Општество / Активизам / Фотографија / Култура
Графички Дизајн / Книжевност / Култура / Настан
Книжевност / Култура / Настан
Книжевност / Настан

ОкоБоли главаВицФото