1019 hPa
45 %
18 °C
Скопје - Пет, 14.11.2025 14:59
Не можам да ја довршам мислата –
ја оставам по пат,
како овцине руно по трњето,
како облакон магли по долиштата,
како кога чекаш сонцето да ѕирне,
а пак поклопува темничило.
Ја влечкам
како изнемоштен човек тежок товар
што го остава секој час наземи
да земе душа.
Како да ја довршам мислата?
Ми се отпушта како котелец
од игла плетачка,
како риба од јадица,
како птица од примка.
Всушност
се штрекам пред крајната јасност.