Сагата со кражбите и злоупотребите на македонскиот музички фолклор продолжува

29.09.2025 23:53
Сагата со кражбите и злоупотребите на македонскиот музички фолклор продолжува

На кратко:

1. Уште едно ограничување во врска со сродните права, повторно од Croatia Records, се појави при поставувањето на песната „Нели го видовте Асанеја“ на јутјуб каналот на БужАр на 28 септември 2025 година.
2. И овде е погрешен насловот на песната на плочата објавена од Croatia Records – „Нели го видовите“. Грешка има и во насловот на плочата – „Тешка бешете нашата разделба“
3. Плочата на која се реферира за издавачките права е LSY-62259 објавена во 1987 година од Југотон и песната е ре-објава од плочата бр. C-6166 исто од Југотон, од 1952 година (шелак плоча со брзина 78).
4. Како и во претходниот случај (види http://buzar.mk/BuzarBulletin/DimitrijeBuzarovskiDokogakrazbi.pdf)
со ре-објава не може да се продолжат издавачките права и тие се истечени во 2002 година.
5. Ова веќе укажува на системска кражба и злоупотреба на македонскиот музички фолклор, бидејќи Croatia Records со поставувањето на нејзиниот јутјуб канал на 12 декември 2019 година, монетаризира од прегледите на овој и слични постови, во кое ќе влезат и прегледите од нашиот пост. Злоупотребата на овој вид културно наследство е еднаква на кражбата на икони, монети и други артефакти од археолошки и други локалитети.
6. Имајќи предвид дека се работи за сериозни кривични дела во областа на авторските и сродните права, на земја членка на ЕУ, се очекува дека по овие укажувања, пет институции: ММИ (Организација за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи), Министерството за култура и туризам на РСМ, Управата за заштита на културното наследство, МРТ и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, ќе преземат соодветни чекори.

Опширно:

За изнесувањето на снимен материјал со македонски музички фолклор, посебно произведен во МРТ, и објавување во странски земји на носачи (плочи, касети, ЦеДе-а и ДиВиДи-а), со децении интерно се говорело и проблемот се туркал под килим. Со префрлањето на комуникациските центри со музика во музичките платформи и социјални мрежи на интернет, покрај невидената огромна продукција на нова музика, почнува и ре-објавата на музичките материјали од старите носачи.

За да се избегне можноста некој да монетаризира туѓа сопственост, во процесот на поставување на видеото на јутјуб каналот, постојат низа прашања кои треба да ја утврдат сопственоста, а јутјуб по своја линија проверува дали веќе некој го заштитил аудио или видео материјалот, испраќајќи опомена, дека видеото може да се постави, но (евентуалната) монетаризација ќе оди кај оној што ја пријавил сопственоста (во овие два случаи, на издавачките права).

Во дигитализираните колекции (14) на БужАр, има над 3.000 песни и ора од македонскиот и балканскиот музички фолклор, но најповеќе од нив се теренски снимки, кои се уникатни, и затоа ние досега немавме проблеми со нивното поставување.

Колекцијата Бадев, каде се наоѓа песната „Нели го видовте Асанеја“ ја добивме од ќерката на Никола Бадев во 2005 година и ја дигитализиравме во целост со финални 375 единици. Метаподатоците се внесуваа според она што стоеше на располагање кај носачите.

Никола Бадев е починат во 1976 година и официјално, неговите изведби, од идната година, со оглед на тоа што ќе бидат истечени 50 години, ќе станат јавно добро, и никој нема да има право, по која било основа, да ги декларира неговите изведувачки права. Евентуално може да се појават издавачките права, ако постхумно некој објавил на некој носач неиздаден аудио или видео материјал, но повторно во рамките на 50 години. Со ре-издавањето на веќе објавени аудио и видео материјали, не може да се продолжи рокот на заштитата на авторските и изведувачките права, инаку сите би ре-издавале и заштитата би продолжила бесконечно.

Во случајот на Croatia Records, тие во 2019 година, ги поставиле на јутјуб канали носачите (претпоставуваме оригиналните магнетофонски ленти што биле користени за производство на грамофонски плочи) што ги добиле како наследници на Југотон. При тоа ги внеле и сите рестрикции што се однесуваат на фонограмските права. Но, тоа ќе се однесува само до рокот на истекот на првото објавување. Иако се прави обид во ЕУ овој рок да се подигне на 70 години (како кај авторските права), дури и да се донесе таква легислатива, таа не ќе може да се применува ретроградно и ќе важи само за новопоставените материјали.

При поставувањето на јутјуб на видеото со спомената песна, бевме известени од јутјуб дека некој веќе декларирал продуцентски права за оваа песна, и дури на крајот на нашиот текст под видеото беше автоматски втисната сликата со линкот до постот на Croatia Records.

Како и во претходниот случај пристапивме кон истражување, бидејќи како што напишавме и во нашата објава за оваа песна, очигледно се работи за снимка од 1950-тите.

Еве ги дел од резултатите што ги добивме од ChatGPT:

• The correct Macedonian title is „Нели го видовте“ (Neli go vidovte). The spelling “Ne li go vidovite” appears on some listings but is a grammatical/misattributed variant. The recording most commonly associated with this title is by the Macedonian folk singer Nikola Badev (1918–1976). (Yumpu)
• It was issued by Jugoton (Zagreb) on a 10" 78-rpm shellac single, catalog C-6166, with “Sadila Jana ran bel bosilak” on the flip side. The Discogs release entry places this pressing in 1952, i.e., earlier than 1959. (Discogs)
• Badev also recorded the song for Radio Skopje (listed as “Neli go vidovte Asaneja”) on 5 August 1955, which helps explain later broadcast/compilation appearances and date confusion. (Yumpu)
• The song later resurfaced on Jugoton/Croatia Records compilations—e.g., you can hear “Ne li go vidovite” (Nikola Badev) on streaming; rights on one digital reissue are credited to © 1987 Jugoton / Gold AV. (Spotify)
Дури и ChatGPT обрнува внимание на грешките при постирањето на јутјуб каналот во 2019 година, од ре-издадената плоча во 1987, од која е и земена сликата со предната корица.

И сега следат неминовните заклучоци:

1. Истечени права

Croatia Records не може по никој основ да декларира сродни права за песната „Нели го видовте Асанеја“ и монетаризацијата е кривично дело во согласност со законите за авторски и сродни права (вклучувајќи го и хрватскиот).

2. Неточен наслов

И овде е неточен насловот на песната.

3. Институционална заштита

Петте институции во чии овластувања и должност е и заштитата на македонскиот музички фолклор: ММИ, Министерството за култура и туризам на РСМ, Управата за заштита на културното наследство, МРТ и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, треба да преземат итни чекори, информирајќи ги и сродните институции во Република Хрватска.

Слични содржини

Општество / Став / Култура / Музика
Општество / Јавни простори / Култура / Уметност

ОкоБоли главаВицФото