1024 hPa
93 %
2 °C
Скопје - Пет, 14.11.2025 02:59
Многу ми е јако што партиите се толку истрошени со кадри, што на листи за советници почнаа да кандидираат комплетно аполитични, анонимни личности кои никогаш не изразиле никаков став за ништо; објавите им се онака слики од цвеќенца, маченца, кафани, ресторани, коли, свадби и патувања.
„Гласајте за мене, гордо се кандидирам да работам за интересите на граѓаните, моето искуство е што имам завршено факултет и се имам сликано во Париз, и немам мислење за ништо!“
Сестро златна, брате златен, на сите ни е јасно дека интересот е да лапнеш советничка плата, или просто да им пополниш места на списокот.
Ти не знаеш кои се партиите, не знаеш што значи суверенитет или кворум, ама еве ќе ти дадеме шанса гордо да ја оправиш државата...
Душан Стојчев, Фејсбук, 30.09.25.