1012 hPa
100 %
12 °C
Скопје - Пон, 10.11.2025 19:59

„Живеј со стил – поддржи различности“ – Крива Паланка домаќин на патувачка изложба на 32 портрети на лица со уникатна мисија
На 07 октомври, во Градскиот музеј во Крива Паланка, ќе продолжи патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“.
Ова е веќе петтата изложба, во серијата изложби, која ќе се одвива во уште два градови низ Македонија, во организација на Здружението Икуалити, која има за цел преку 32 портрети на лица со попреченост да раскаже моќна приказна и да ја промовира интеграцијата преку славење на човековите вредности.
Патувачка изложба претставува културна мисија, која ќе ја промени перцепцијата на општеството за лица со попреченост и ќе ги преобрази набљудувачите во иницијатори на позитивни промени, општествена интеграција и уште повисоки човекови вредности. Серијата изложби „Живеј со стил - поддржи различности“ се имплементира со средства доделени во рамки на годишниот конкурс за финансирање проекти од областа на визуелни уметности, архитектура и дизајн“ од Министерство за култура и туризам.
.jpg)
До сега иницијативата за поддржување различности беше успешно пренесена во четири градови: Крушево, Гевгелија, Ресен и Велес, а во наредниот период продолжува да патува и во Крива Паланка (Градски Музеј, 7 октомври), Свети Николе (ОУ Народен Музеј, 30 октомври) и Делчево (НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“, 7 ноември).
„Преку оваа патувачка изложба, не само што изложуваме 32 портрети на лица со попреченост, кои сами ја раскажуваат нивната приказна за силата, љубовта и нивната животна мисија, туку и се залагаме за унапредување на пристапноста и рушење на општествените бариери во сите области.“ – изјави Ружица Стојановска, проектен координатор во Здружение Икуалити.
Целта на патувачката изложба е јакнење на потенцијалот во нашето општество и тежнеење кон уште поголема свесност и инклузивност. Оваа иницијатива е проект наменет токму за помалите градови, со цел да излеземе надвор од главниот град и да допреме до многу повеќе општествени групи ширум целата територија.
Здружението Икуалити, како носител на проектот, поставува бескомпромисен стандард за афирмација и промоција на рамноправното учество во културниот и општествениот живот во Македонија.
Повеќе информации се достапни на овој линк: