1024 hPa
93 %
2 °C
Скопје - Пет, 14.11.2025 02:59

Сега можете да се одвиткате! Пак одиме нагоре!
Да РАСВЕТЛИМЕ малку, и да потсетиме на КАРАКТЕРОТ на овдешната партија Левица:
- Во 2016 г. Левица одбива да коалицира со здружената опозиција на СДСМ за да се бутне режимот на Груевски. Разликата беше тесна, ВМРО на Груевски победи со 2 мандати - онолку колку што Левица ќе освоеше ако не настапеше самостојно. Со таа одлука, Левица ефективно ги заштити Груевски и ВМРО-ДПМНЕ од пораз (овозможувајќи му полесна победа), а ги оштети СДСМ и целата Шарена Револуција. Слабиот изборен резултат овозможи играрии со мандатот, ги овозможи насилствата во Собранието на 27 Април, постојаното нестабилно владино мнозинство доведе до пазарењето за СЈО, и така во каскада се осакатија сите понатамошни обиди за воспоставување вистински правна држава.
"Тоа што еден глупак ќе расипе, сто паметни не можат да го поправат."
Понатаму:
- Во 2021 г. Левица коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ, Беса и Алијанса за Албанците за да ја срушат "хунтата на Заев".
Забележете дека кога СДСМ се на власт, Левица соработува со ВМРО-ДПМНЕ. Но кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, па дури и во врв на режим, кога власта крвнички брка и тепа студенти по улици, Левица не само што не соработува со СДСМ, туку активно го саботира.
- Во 2019, Левица ја поддржаа Гордана Силјановска-Давкова за Претседател, кандидирана од ВМРО-ДПМНЕ исто така.
.jpg)
Пред да одговорам на било какви прашања, би сакал да го насочам вашето внимание на овие сјајни објекти!
- За време на мандатот на СДСМ, пратениците на Левица ставаа печати со кондури, кршеа монитори и приредуваа други инциденти во Собранието.
Откако ВМРО-ДПМНЕ се на власт такви инциденти нема, и покрај тоа што пратеници на владејачката партија самите провоцирале судири со пратениците на Левица. Во најлош случај се сведе на пцовки и мавање листови хартија.
Па добро бе Левица. Сега имате ПОВЕЌЕ пратеници.
Па барем тенџериња да извадевте? Некоја кондура? Да скршевте уште некој монитор? Спреј пипс нешто? Блокада? Граѓанска непослушност?
Или можеби таа лагодност ја имаа само за време на "хунтата на Заев", од кој влакно не им фалеше, а од режимов на ВМРО-ДПМНЕ им фуфка, оти ВМРО-ДПМНЕ знае и да тепа, ко што ги тепаше по улици во 2015 година?
Наместо покажување заби си постираат селфиња со знаци покрај патот и си праат вицови. Стварно смешно. Лелеј им покажавте. Кој отпор. Која борба. Каква опозиција.
А што не идете на некој митинг на Влен или ДУИ или ВМРО да се сликате таму, да поделите некој флаер, да приредите некој реален ПРОТЕСТ?
Наместо нели, симулакруми од отпор на социјалните мрежи.
На ум ми доаѓа омилениот пејоратив на лидерот на Левица деновиве: „мачиња“.
Перформативен отпор, гитарче у рака, праиме кул спотченце... Некако НЕСЕРИОЗНО?
За време на "хунтата" пољути бевте?
Разбирливо, за време на "хунтата" не изгореа 62 деца ниту 180 беа неповратно осакатени...
"Хунтата", каква таква, нѐ шмугна во НАТО, што е изгледа поголем проблем, ве праеше многу пољути?
.jpg)
СИТЕ СЕ СОГЛАСИВМЕ ДЕКА ИМА ДОВОЛНО ВРЕМЕ ЗА РАЗГОВОР ЗА МЕРКИТЕ ПРОТИВ ПОПЛАВИТЕ. СОСТАНОКОТ Е ОДЛОЖЕН
Да не спомнувам за внатрепартиските чистки кои се случија во таа партија во многу сомнителни моменти со многу сомнителни мотиви.
За наводните конекции меѓу раководството и раководството на "режимот" против кој се многу поблаги.
Да не спомнувам за безобразното и срамно оддавање почест на гробот на Енвер Хоџа (кое сега мислам дека повеќе беше направено од желба да ги отуѓат современите Албанци од себе, отколку поради некаква идеологија).
Да потсетам на изливите од крволочна возбуда кога Русија ја нападна Украина (срамежливо цитираа мудрости од типот "Па нека има војна", колку да не е ептен на ачик).
Да не посочувам на срамниот и поданички однос кон десничарскиот, фашизоиден режим на Путин во Русија, кај кого одат на гости секоаш кога овој ќе им свирне. Путин убива стотици цивили секој месец, веќе 4 години по ред, ама Левица нема проблем со тоа.
Да не потсеќаме на сите ниски флертувања со ултра+десничарски тези кои ги застапувале ликови од најдолниот, највулгарен слој од македонската десничарска згура (Миленко, Палчо, Мирка итн.).
За тоа што не остана Л од автентично левичарство кај нив.
За тоа што извршија негативна селекција и останаа само клатоглавци што имаат материјална корист или несфатени генијалци, да не го констатираме.
За обидите да го саботираат пописот со најдебилни, најпрости манипулации (повторно во соработка со ВМРО-ДПМНЕ, исто ко за време на Референдумот), само и само бројот на Македонците да излезе понизок, па за да подгреваат етнички инциденти, исто така да не потсеќаме.
За блокирања, бришења од пријатели дури и при најмала критика, иако претходно имале поддршка и барале закрила од тебе, исто така да не потсеќаме.
За недостоинствените, недолични и ниски лични дисквалификации секогаш кога некој поединец, најучтиво, ќе ја напушти "партијата", исто така да не потсетуваме.
За патетичното бришење критички коментари под нивните објави, како и другиве несигурни султан партии во Македонија, да не спомнуваме.
За малоумните ставови за Преспански и Рамковен договор исто така да не спомнуваме оти ко што кажа некој, ако се спроведе тоа што они го сакаат, сега ќе бевме појасот Газа.
.jpg)
Чекај, сме згрешиле
А бе све ќе укинат, ќе избркаат, ќе обесат, ќе стаат на гилотини... Како грандиозен нарцисоид кој неуморно ти симнува ѕвезди и се фали каков фраер е, ја сум најјак, најпаметен, најхрабар, а бе вака ќе ти праам, па онака ќе ти праам, а бе сите ќе ги решам, ќе вииш, никој не те сака поише од мене МАЧЕ, а кога доаѓа време да се покаже на дело не се појавил, и ТИ си крив.
Требало да го сакаш многу повеќе! До тебе е, ти си небањат десничар, или либтард, или интелектуален елитист, или балист, просто не можеш да ги сфатиш мудростите на "левичариве" и просветленоста на лидерот.
Они се кул, ти не си, крај на приказната. Кој ти е крив што не позираш доволно? Битно розово комбенце, идеме и праиме селфињааа (а бе некако либтардски?)
Значи...
Пеколно е лесно да се збори сѐ и сешто кога си перформативна, можеби дури и контролирана опозиција, а менталниот развој ти останал закочен некаде во рана адолесценција.
И има УШТЕ, на тема Левица и сите нејзини кривини де у десно, де у круг, де у ендеци може цела книга да се напише, туку да скратам.
Гласајте за кој сакате.
Само ја не би гласал за луѓе кои, очигледно, активно и ревносно работат на тоа да бидат дел од ПРОБЛЕМИТЕ на Македонија, наместо да бидат дел од РЕШЕНИЈАТА.
На Левица им пожелувам да станат власт, нешто од што највеќе се плашат. Ако тоа се оствари ќе мораат самите за нешто да бидат одговорни; а тоа огледало, кое не ласка, им е најголемиот кошмар. Да не испадне на крајот дека, оп, царот е гол.
.jpg)
Брзо назд у шкафот! Ми се моткаат медиуми наоколу
Карикатури: Бил Вајтхед