1024 hPa
93 %
2 °C
Скопје - Пет, 14.11.2025 02:59
Наместо да учи, да работи, да се развива, да гледа да направи пари или да ебе нешто, да се забавува, да чита книги, да развива вештини, да спортува, да има некое хоби... просто да ИСЧЕКОРИ над средината, да НАДМИНЕ, да направи ПОДВИГ, да СОЗДАДЕ НЕШТО НОВО, тоа се затвара по партиски штабови, слуша упатства и спроведува наредби, оговара, шпионира, кодоши, се улизува, се слика како бот со уште 20-30 ботови наредени позади некој функционер како аптекарски шишиња, како племе со поглавар, повтара пароли, се пењави, просто деволуира во послушник, да биде пион во некоја секта, да ствара раздор, да се конформира, да си го затвори мозокот во кутија, да мисли на шини...
Наместо да го развива потенцијалот како самостоен човек, наместо да гледа како да придонесе нешто за заедницата, тоа се бута во партиски штаб, праи табели и оговара. Како саксии полиени со нафта ми се. Гледаш младо, здраво стебло, и глеаш почнало да се суши оти се насадило во отровот. Па толку ли бил потенцијалот?!
А бе оди расти! Оди свири гитара, земи цртај нешто, спортувај, фати заработувај на крај краева! Патувај! Скитај! Стварај! Што бараш во ШТАБ?
Мислам дека нема поочигледен индикатор за културен застој и економска уназаденост од овие млади што, од сите можни работи кои можат да ги прават, се пикаат во партии. Во која просперитетна земја има олку 20-годишни благонадежни штапски пацери? Греота.
Душан Стојчев, Фејсбук, 07.10.25.