1023 hPa
55 %
16 °C
Скопје - Чет, 13.11.2025 13:59

Фото-кино клуб “Козјак” од Куманово, во соработка со Котур Филм и Кафе, овој четврток (16 Октомври 2025), со почеток во 20 часот ќе прикаже ревија од осум филма во времетраење од 2 часа.
Ова ќе биде прв пат ФИЛМАЈ фестивалот на краток филм (oрганизиран од кумановскиот клуб) есенски да се претстави во Скопје, и тоа токму во просториите на Котур, место познато по филмски проекции и културни настани.
ФИЛМАЈ фестивалот, кој постои од 2019 година, оваа четврточка вечер ќе прикаже филмови од изданијата од 2022 и 2024 година: руските “Бабушки” и “Девет сантиметри”, “Синкопат” и ”Вон сезона” од Шпанија, “Фортисимо” од Франција, “Сигнализација” од САД, “Импровизирана земја” од Венецуела, како и австралискиот “Мајсторот”.
Влезот ќе биде бесплатен за сите посетители.