Симетрични портрети

23.03.2011 12:54
Симетрични портрети

Австралискиот уметник Џулијан Волкенштајн е автор на необичниот проект наречен Echoism, кој ја преиспитува симетријата на човечкото лице.

Имено, Волкенштајн бил заинтригиран од општоприфатениот мит, а некои тврдат дури и дека тоа е научно потврден факт, дека луѓето со симетрични лица се попривлечни.

На пример, пред неколку години, глумецот Том Круз и супермоделот Кристи Тарлингтон беа прогласени за најпривлечни луѓе на светот токму поради наводната причина дека имаат целосно симетрични лица. Инспириран од овој недокажан факт, Волкенштајн се зафати со истражување на симетричноста на човековото лице, портретирајќи луѓе со особени физички карактеристики. Проектот заврши минатата година, а во негови рамки, серијата фотографии Symmeytrical Portraits, документира низа портрети на луѓе од различна возраст, раса и статус.

Авторот ги снимил субјектите во идентични пози пред камерата и потоа ги замолил при гледањето во фотоапаратот да се обидат да го лишат своето лице од секаква емоција или карактер. По фотографирањето Волкенштајн ги „поделил“ на половина, и секоја половина огледално ја споил со својот оригинал, добивајќи со тоа колажирање некоја сосем нова личност.

А која е вашата поубава половина? Левата или десната?

Извор: julianwolkenstein.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото