1024 hPa
93 %
2 °C
Скопје - Пет, 14.11.2025 02:59

Прашајте кој е претседател на УО сиве години наназад и како таа жена е назначена на функција за која не смееш да бидеш осудуван!
Aко некогаш треба да бидете назначени на некоја функција, дури и неплатена, морате да донесете од судот потврда дека не сте осудуван. Не е битна казната (видот и должината); се проценува дека евентуалната осуденост попречува осудениот да ја обавува функција и да ја извршува на дозволив начин.
Е па треба да знаете дека претседателката на УО на Комунална хигиена – Скопје, Јулијана Спировска, е осудена од Основниот суд во Струмица. Таа, како поранешната директорка на ЈП „Македонска радиодифузија“ на две години условно и техничкиот директор, Драгослав Радески, на година и половина условна казна затвор за хеликоптерската несреќа што се случи во јули 2014 година во која загинаа четворица пилоти на МВР.
Истата е дел од оваа власт – индиректно од централната како нејзин кадар, а директно од претседателката на градот е поставена на нова одговорна функција. Од неа на последната функција - фала богу - не може да се влијае на безбедноста на летот на хеликоптерите, ама да знаете дека таа е по својата функција е најодговорна за купиштата смет пред вашите порти или дворови. И секако, таа преку четиргодишна неактивност намерно ја саботира работата околу чувањето/одржувањето на хигиената во градот. Зошто? Затоа за да и’ наштети на актуелната градоначалничка, да креира незадоволство и граѓаните кон неа да укажуваат со прст (тука секако е најдиректно одговорен премиерот Мицковски). Се разбира, тука се и стратезите за локалните избори во „најнародната партија“ кои процениле дека со недели полните контејнери ќе предизвикаат масовна апстиненција од гласање, од што единствена добивка ќе имаат гласачите кои се дел од масата (според генијалната проценка на едне мој колега) на „чипирани идиоти“. Знаете на кого мислам. Од разговорите со граѓаните мислам дека ова веќе функционира; партиската стратегија е да се вели „е нема да гласам за никого“, што подразбира дека токму тие и нивните сопартијци први ќе заминат кон гласачките кутии, пред 12 часот, по директива. За потоа да се примени планот „Б“.
Овде Моне ги насликал прекрасните лилии, али доста беше гледање за денес, деца.
Можете да се запрашате каква е врската на функцијата претседател на УО (а не да речеме на директорот)? Е па да знаете, клучна е. „Со партиски инструираната работа на Јулијана како претседател на УО на Комунална хигиена Скопје документирана во записници со содржина, насоки и заклучоци, претпријатието под нејзино водство е хаос!“ – стои во одамна објавен заклучок на актуелната градоначалничка. Седниците на УО се држат во тајност, иако законски е наложено тие да се јавни а посебно се апострофирани во правните акти - член 3 од Деловникот, да речеме. Но кај Спировска не е дозволена јавност, медиумите посебно предизвикуваат алергија. Тема која не смее да се отвори е секако онаа , зошто УО нема контакти со директорот на ЈП КХС. Со тоа директно го крши член 14, па како што укажуваат познавачите на прописите таа не ги доставувала материјалите за седница на извршните огани на јавното претпријатие.
Самиот премиер излегува со Орце Ѓорѓиевски и вели дека ќе го исчистат Градот Скопје за 72 часа, ако победи нивниот кандидат. Зошто сега не го исчистат за 72 часа? Кандидатот за градоначалник на Град Скопје е претседател на ЗЕЛС. Управниот одбор и претседател на УО во ЈП Комунална хигиена се кадри на ВМРО-ДПМНЕ, Владата е предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Што ги спречува сега ЗЕЛС и Општините во Градот Скопје да прогласат една, условно кажано, вонредна состојба? А состојбата не условно туку де факто е вонредна со хигиената во Град Скопје. Зошто не назначат повереници во ЈП Комунална хигиена, ако тој кадар од ДУИ или од Данела Арсовска не функционира, да му ги одземат ингеренциите, и преку претседателот на ЗЕЛС градоначалниците во Град Скопје да спроведат акција. Се соочуваме со потенцијален екоцид, зошто не го исчистат градот сега? – прашува Костадин Ацевски, кандидат за градоначалник од СДСМ за општина Ѓорче Петров.
.jpg)
Абе само те гушка!
Карикатури: Бил Вајтхед