Може ли некој кочанчанец шо гласал за ВМРО да објасне зашо гласал за нив?

21.10.2025 09:42

Ако идејата е дека ВМРО не се криви, ок, тугај сепак останува дека се одговорни, шо значи дека пак не треба да гласаш за нив.
Ако идејата е дека немат ни одговорност за целата ситуација, иако се на власт, тугај зашо би ги гласал ако немат одговорност дури ни коа се на власт?
Значи маабето не е ни да гласаш за некој друг у Кочани, не ти викам за кој да гласаш.
Туку можело и да не гласаш. Можело да седеш дома. Можело да нацрташ уметничко дело на ливчето.
Ама гласал си. И тоа од сите опции, па за ВМРО.
Сигурно не ве плаќат? Или мош ве плаќат? Ако ве плаќат барем некако ќе може да се сфане.
Пробувам да си објаснам човечки и да разберам шо е финтата.
Мош Кочани е ептен развиен и лансирате спејс шатли овие години па не сум приметил? Па те затоа и покрај толкава хаварија па сте гласале за ВМРО... оти постигнале некој сразмерно голем успех?
Значи ќе ги замолам кочанските Вмровци и Вмровки да остават коментар и да елаборират која е логиката?
Оти тоа му доваѓа како на пример, утре СДСМ да се на власт у Штип, да направиле брана, да ја рокнат браната и да се издаве пола Штип, па уште да пробуват да си ги поштедат нивните, и ја па за СДСМ да гласам. Значи треба да сум шекнат?

Душан Стојчев, 20.10.25.

 

ОкоБоли главаВицФото