1029 hPa
93 %
1 °C
Скопје - Нед, 14.12.2025 10:59
Два дена сите се чудат за изборниот резултат во Кочани, а никому не му текна на клетвите и омразата што се истурија врз новинарите и фоторепортерите кога известуваа со збор и слика за личните трагедии на луѓето засегнати од нашата најголема несреќа.
Тогаш многумина ги колнеа медиумите кои објавуваа фотографии од погребите, а и фоторепортерите кои беа наградени за фотографиите што ја прикажуваат ужасната болка на родителите кои ги изгубија децата во пожарот. Го колнеа и „супорт кочани“ кога ги објавуваше сведоштвата на преживеаните. Им пречеше да ја гледаат болката, а се криеа зад ѓоа заштита на интересот на жртвите.
Е па, затоа ја заборавија трагедијата - оти им пречеа сликите, им го нарушуваа комфорот да попуваат од морални висини. Ја заборавија трагедијата оти баш им беше гајле за жртвите. Важно им беше новинарите да им се криви. Што ги потсетуваат на ужасот.
Со прости зборови тоа се вика наметнување колективна афазија поради колективна себичност.
Марина Костова, Фејсбук, 21.10.25.