Од речиси спастрена државичка дојдовме до распад систем

24.10.2025 16:10

Од речиси спастрена државичка при распадот на Југославија, во предност пред Хрватска, Албанија и Бугарија (сите се спастрија во меѓувреме) - ние денес се распаѓаме.
До степен што денес во однос на нашите европски соседи, каскаме во сите битни прашања, од образование до здравство, од животна средина до економија, негде меѓу 50 и 100 години.
Држиме убедливо најнизок стандард, имаме 4-5 помал БДП пер капита од Словенија или Хрватска.
Паднавме толку ниско, што базични комунални и јавни услуги за нас се луксуз.
Немаме чист воздух и почва, најзагадена европска земја сме, која апсурдно е и најголем загадувач на Егејското море, без да имаме излез на море.
И конечно, заради инатот и тесните интереси на партиите и нивната наркоманска зависност од крадење буџет, дојдовме до степен на нечистотија што ни се заканува со тифус, колера или бубонска чума.
Важно создадовме илјадници милионери кои си ги изнесоа парите, немаме независни институции или опозиција, ама редовно славиме национални празници со свечена академија.

Ивор Мицковски, Фејсбук, 23.10.25.

 

ОкоБоли главаВицФото