Дебар Маало смрди на гомна!

28.10.2025 00:22
Дебар Маало смрди на гомна!

Си појдов така на гости кај мајка ми во Дебар Маало - класика, кафе, колачи, муабет. Ама наместо мирис на кафе, ме дочека - арома на гомна. Не претерувам, цело Дебар Маало корне како подземна изложба на фекалии. Нашиот подрум поплавен, шахтата - полна со канализациска вода. Се јавивме во Водовод, дојдоа луѓето, сериозни.

Констатираа дека не е само нашата шахта - туку и сите други во маалото, до раб на излевање! Демек, колективна смрдеа, заедничка трагедија. Иако, за волја на вистината, освен нас никој не се потресе - наоколу се џвакаа скари и чиз-кејкови. Одзатнаа некако, гомната се повлекоа со достоинство, а ние останавме со траума и мирис кој никако не сака да испари.

Три саати стоев таму и кога се вратив дома, облеката ми корнеше како да сум работел во пречистителна станица. А во меѓувреме, кафаните во маалото си тераат - жива музика, ракија тече, скара гори, сите се веселат во мирис на фекален фестивал. Квадратот? 3.000 евра, се разбира! Елитна смрдеа. А за нас? Сметка од приватњак за чистење и испумпување на хаосот - награда затоа што го спасивме Дебар Маало од тоа да плива во гомна. (Ако излегувате вечерва таму, не заборавајте да ни се заблагодарите - барем во мислите).

Малку контекст. Канализацијата во Дебар Маало е од времето кога луѓето имале коњи, а не џипови. Не предвиделе дека еден ден ќе урнат сè и ќе натрупаат згради, ресторани и кафани кои си тераат без стандарди и правила. Во муабет со Водовод ми открија - доаѓале барем еднаш месечно да одзатнуваат. Редовно одзатнување, нерегуларна цивилизација.

Си се вратив во Аеродром - во чистиот, свеж воздух. Колку парадоксално звучи тоа!

Карикатура: Саша Димитриевиќ

ОкоБоли главаВицФото