1021 hPa
55 %
16 °C
Скопје - Нед, 13.09.2026 21:59
Јас сум еден од оние што не се згрозија над ѓубрето во Скопје, таа горда европска престолнина на културата. А и зошто би се згрозил? Небаре првпат ни се случува да живееме во ѓубре. Па, откога паметам, нам ѓубрето ни е амблем, симбол на нашето постоење. Ние, на овие простори, не сме хомо сапиенси, ние сме хомо квисквилијаруми. Луѓе од ѓубрето и на ѓубрето. Суперхерои на ѓубрето. Додуша, не сме супермени, повеќе сме некако рабишмени. Луѓе што ќе го посеат своето ѓубре на секое згодно место што ќе го видат.
Ѕвездан Георгиевски, Призма, 28.10.25.