1018 hPa
71 %
12 °C
Скопје - Пон, 13.04.2026 22:59

Се бара некој цврст, некој што ќе застане на чело.
Некој да реже со збор – нека е и трул на дело.
Се бара некој со свое ЈАС – да има бе ЕГО!
Да го слушам да ќутам: е, некој ко него.
Си треба бе некој ага, бег, паша:
да биде авторитет! Да го гледам да се плашам.
Некој што ќе удри по маса! Ќе има и глас, а и стас,
а и да е простачиште – само да е даса.
.jpg)
И да е силеџија: некој што ќе се дере.
Ако е маж – да е маж: не да пегла, да ми пере...
Си треба некој... кај што оди, да се крева бука –
некој што граба, каса, гризе, џвака и плука.
Некој што ќе гази. Ќе се одмаздува без да се уморува.
Некој што ќе столчи! А не за „помирување“ да зборува.
Некој што по слабостите мои ќе свири ко на виолина,
ќе дрма жонглирајќи со туѓи чувства на вина.
.jpg)
Уште подобро ако е подмолен, шокантен... просто грозен.
И нека е лут, брутален, бесен, болно амбициозен.
Си треба бе строгост! Да воведе ред некој.
Кај што нема пардон – само таму е сè мед, млеко.
Не ми треба „идеалист“, некој што МЕНЕ ќе ме подучува.
Си треба некој што исклучува, и сам што одлучува!
Си треба бе некој со армија! Па и да се полтрони!
Преку глава од „чесни“ и изолирани – ги има со тони.
.jpg)
Кроткиот ми прави да ми е шубе во сопствена кожа:
Ме тера да се прашам: „Еј... може и јас вака можам?...“
Не, без милост! „Ранливост“? Тоа е за слабаци, будали!
Кревките се човек да ги смачка – не да ги жали.
Си треба некој што ќе води, бе, и ќе кастри ако сече!
Некој ко Тито, бе, ко Папа! Некој што ќе сака да е вечен!
Си треба бе некој што ќе владее, не келнер што ќе „служи“.
Треба некој што со амбасадори, а не со лузери ќе се дружи.
Ми треба бе некој што ќе ми наредува! Не што ќе ме моли.
Некој што ќе ми го отсече јазикот, ќе ме кастрира. Ама нежно. Не да боли.
.jpg)
Песна прочитана на полуфиналната вечер од јубилејниот 15. Поетски слем Македонија во Прилеп, 10.10.2025.
Слики: Бил Вајтхед