1024 hPa
93 %
2 °C
Скопје - Пет, 14.11.2025 02:59

По неколку месеци дипломатско попуштање кон Владимир Путин, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп почна да го заострува својот став во врска со војната во Украина. Американското Министерство за финансии на 22 октомври воведе остри санкции против две руски нафтени компании – гигантите Роснефт и Лукоил.
Според зборовите на американскиот министер за финансии, Скот Бесент, санкциите се воведени поради „Путиновото одбивање да ја прекине оваа бесмислен војна“ – војна за која Трамп своевремено ветуваше дека ќе ја заврши за 24 часа. Новите санкции се далеку посеопфатни од оние што беа воведени за време на мандатот на Џо Бајден. Поранешниот претседател со колебање му пристапуваше на нивното воведување, плашејќи се од нагло поскапување на енергенсите и последично засилување на инфлацијата.
Очигледно, администрацијата на Трамп е подготвена да го прифати тој ризик. На американските компании отсега им е забрането да соработуваат со Лукоил и Роснефт, а нивниот имот во САД ќе биде замрзнат. Но најголемата закана за Русија всушност претставува можноста за воведување секундарни санкции кон финансиските институции од трети земји што ќе продолжат да тргуваат со санкционираните руски компании. Доколку тие институции се најдат под удар на американските санкции, би можеле целосно да бидат исфрлени од доларскиот пазар, што ќе доведе многу земји увознички на руски енергенси во непријатна ситуација.
Главното прашање е како на новите санкции ќе реагираат двете најголеми увознички на руска нафта: Кина и Индија. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, изјави дека Кина се спротивставува на какви било еднострани санкции. Според „Ројтерс“, неколку од најголемите кинески нафтени компании привремено ја прекинале набавката на руска нафта, иако за тоа сè уште нема официјална потврда. Од друга страна, откако кон средината на октомври западните земји воведоа санкции против една од најголемите кинески рафинерии, Јулонг, таа компанија реши да нарача уште поголеми количини нафта од Русија. Доналд Трамп неколкупати изјави дека индискиот премиер Нарендра Моди му ветил дека Индија ќе престане да купува руска нафта.
.jpg)
Американскиот притисок врз Индија поради увозот на руска нафта трае уште од август, кога САД воведоа 50-процентни царини на увозот на индиски производи. Ануј Џаин, директорот на индиската државна нафтена компанија IndianOil, потврди дека компанијата ќе ги почитува санкциите, но дека нема да престане да увезува руска нафта од добавувачи кои сè уште не се под американски санкции. Приходите од продажбата на нафта и природен гас сочинуваат околу 30 проценти од вкупните буџетски приходи на Руската Федерација, па губењето на кинескиот и индискиот пазар би било катастрофално за Русија.
Нов пакет санкции против Русија речиси истовремено воведе и Советот на Европската унија. Секако, најзначајна меѓу нив е одлуката за целосен прекин на увозот на руски течен природен гас до почетокот на 2027 година. Ако се суди според досегашните трендови, рускиот течен гас најмногу ќе биде заменет со увезен гас од Соединетите Американски Држави. И балканско-панонскиот простор се најде во фокусот.
Конечното воведување санкции кон Нафтената индустрија на Србија на почетокот на октомври мора да се согледа од аспект на стратегијата за засилување на притисокот врз Русија. Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја информираше домашната јавност дека работи на „заобиколување“ на американските санкции, по што американскиот амбасадор при НАТО, Мет Витакер, суптилно му понуди помош во пронаоѓањето нови рути за увоз на енергенси, притоа изрично споменувајќи ја Хрватска.
Бранoт санкции следеше веднаш по неуспешниот самит меѓу Путин и Трамп, кој требаше да се одржи месецов во Будимпешта. Потоа започна затегнување на воената реторика – Русија ги тестираше нуклеарните ракети Буревјесник, а САД, според сè изгледа, ѝ дозволија на Украина да користи британски ракети со голем дострел од типот Storm Shadow на територијата на Русија.
Русија сега се наоѓа под далеку посилен притисок, но изгледно е дека војната ќе потрае уште неколку месеци.
.jpg)
Карикатури: Daniel Boris
Извор: https://www.portalnovosti.com/