1024 hPa
93 %
2 °C
Скопје - Пет, 14.11.2025 02:59
Уште 15 лудо смешни и паметни карикатури од операциони сали, (стоматолошки) ординации, болнички соби и лудници.
Тоа што го имате не е сериозно. Би било сериозно само ако јас го имав.
Сакаш второ мислење - еве еден дечко од чекална ќе ги прогугла твоите симптоми.
Кога реков барам второ мислење, не мислев на вакво нешто.
Не сакав да доаѓам, ама поминав илјадници часови барајќи онлајн дијагноза, и ми станува се’ полошо.
Нашето постојано презакажување на стрес тестот беше прв дел од стрес тестот.
За жал, имаш шест месеци, најмногу осум. Тогаш ќе бидеш престара да се облекуваш така.
Пробавме да ја нишаме да заспие, ама уште изгледа уморна и нервозна.
Полека. Не е добро да ти ги објаснувам ефектите на таблетите пред да го испијам второто кафе.
Можеби треба да ги намалите пробиотиците.
Сакам да направам повеќе тестови, но на друг пациент, оти твоите ме вознемируваат.
Г-дин Овенс, зениците. Капките за ширење беа за вашите зеници.
Постојат некои пред-егзистенцијалистички околности за кои треба да знам?
Гледам дека ова ви е прва посета на забар.
Не, тоа е ’високо’. Ти реков да ја отвориш устата ’пошироко’.
Еј, како го доби лудачково жакетче?