Промоција на играта „Синхроницитети“

05.11.2025 01:15
Промоција на играта „Синхроницитети“

Галеријата „Метаноја“ најавува нова приказна во своите заложби за уметнички и книжевен придонес во културната сфера на Македонија. Од утре во среда на 5ти ноември два галериски салони ќе се „огледуваат“ еден во друг.

Задоволството е уште поголемо што оваа приказна ќе почне да се „раскажува“ со промоцијата и изложба на новото авторско дело на визуелниот уметник Марко Трпески, „Синхроницитети – Чувари на приказната“.

Авторот Трпески за своето дело пишува, „Чувари на приказната“ е друштвена (или осаменичка) игра чија цел е да поттикне креативно пишување и патешествие низ значенските мапи на симболите, потсвеста и имагинацијата. Играта ги поврзува визуелното и зборот во еден интуитивен процес на создавање и размислување.“

Покрај Марко, има уште тројца чувари на приказната кои со зборовите, како со меч со две острици, ќе „сечат“ пат низ семантичкита џунгла: Ана Голејшка Џикова, Коста Милков и Ѓоко Здравески.

Сите бестрашни збороловци сте добредојдени:

Среда, 5 ноември

19:00 часот

Галерија „Метаноја“ (Во огледалото)

Слични содржини

Фотографија / Книжевност / Настан / Око

ОкоБоли главаВицФото