1007 hPa
93 %
9 °C
Скопје - Саб, 06.12.2025 06:05
Ајде, песни мои, да ги изразиме пониските страсти,
да ја изразиме зависта кон луѓето со сигурна работа,
без грижи за иднината.
Многу безделничите, песни мои.
Се плашам, лошо ќе завршите.
Се влечете по улици,
акате по ќошиња и автобуски постојки,
речиси ништо не работите.
Вие дури не ги изразувате ни нашите внатрешни благородности;
баеги лошо ќе завршите.
А јас?
Јас си заминав полускршен,
јас толку многу ви зборував
што речиси ве гледам околу себе.
Дрски мали животни, бесрамни, без облека!
Но вие, најнови меѓу сите песни,
вие не сте доволно стари да направите многу зло,
ќе ви набавам зелен капут од Кина
со змејови извезени на него,
ќе ви набавам скарлетни свилени панталони
од статуата на детето Христос во Санта Мариа Новела,
да не речат дека немаме вкус
или дека нема благородници во фамилијата.
Превод: П. В.