1008 hPa
87 %
9 °C
Скопје - Саб, 06.12.2025 06:59
Таму каде што се умира
Миг е и да се живее
Едноставните значења
Се грабнати
Се отвораат рани
Неми како болка
(Запомни го овој заборав)
Здравјето ленчари
Среде болест
Стравот нè храбри со вистината
Така смртта
Донесува добри вести
(Запомни го овој заборав)
Со чај и двопек
Малечка трака сонце
Светот повторно е проѕирен
Во темнината испраќам
Слики што ме гледаат
Додека смртта носи добри вести
(Настој да го запомниш заборавот)
Превод: П. В.
Белешка за поетот
Бранимир (Бранко) Бошњак (Врбица кај Ѓаково, 9 ноември 1943 – Загреб, 18 ноември 2016) - хрватски поет, критичар, есеист...
Роден е во Врбица кај Ѓаково во 1943 година. Основно училиште и два класа гимназија завршил во Винковци, а од 1959 година живеел во Загреб. Студирал право и компаративна книжевност. Дипломирал новинарство на Факултетот за политички науки во 1991 година. Докторирал на Филозофскиот факултет во Загреб во 1996 година, со тема за поезијата на Јосип Север.
Бил член на уредништвото на Студентски лист, Полет и The Bridge, а од 1968 до 1972 година бил главен уредник на списанието Питања. Од 1978 година работел како уредник на РТВ Загреб. Од 1966 година објавувал песни, книжевни и театарски критики и есеи во списанијата Поља, Могућности, Република, Пролог и други. Неговите песни се преведени на повеќе јазици.
Починал во Загреб на 18 ноември 2016 година. Погребан е на 23 ноември 2016 година на загрепските гробишта Мирогој.