Писмо осумнаесетто

12.11.2025 16:49

Најмил Јукио,
што е побезболно
да изгори сè
пред да згаснеме ние
да гламноса
пред ние
да пеплосаме
или
да згаснеме
пред да изгори сè
да пеплосаме
да не гледаме, да не видиме
како сè гламносува
што е побезболно,
кажи ми,
Мишима.

 

Поетесата Славица Гаџова Свидерска почина денес на 41 година. Родена во Битола на 1984 година, Гаџова Свидерска беше доктор по филолошки науки и лекторка по македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Факултетот за странски јазици во Тирана.

Зад себе остави богато поетско, есеистичко и научно творештво од областа на теорија на книжевноста. Преведувана е на десетина јазици и добитничка е на повеќе поетски награди во земјава и во странство. Авторка е на поетските книги „Бесконечност“ (2001), „Писма“ (2012), „Политики на љубовта“ (2015), „Тела“ (2016), „Политики на стравот“ (2021), Golgotha Feminarum (2023), „Мистичен си свету“ (2025), научните монографии „Книжевноста и дискурсите на моќта“ (2013), „Книжевноста и политичкото насилство“ (2018), како и книжевно-филозофските есеи „За смислата и за апсурдот“ (2017).

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото