1015 hPa
29 %
16 °C
Скопје - Пет, 10.04.2026 17:59
Најмил Марсел,
сакам само да пишувам,
само да пишувам со денови
како тебе.
Ама ова не е Комбре,
ниту сум јас од Прустови
и како Франц
имам чувство на вина,
грижа на совест
oти, ова не е Комбре,
ниту сум јас од Прустови.
Замокот на Франц
се протега насекаде околу мене
не можам да му го видам крајот
ниту последниот кат.
Не можам да си дозволам таков луксуз, Марсел.
Морам да правам нешто друго
често да преведувам, како Хулио
да се борам со ветерници, понекогаш,
а тоа повторно е пишување, нели.
И повторно
имам чувство на вина,
а сè што сакам е да пишувам,
Марсел.