1009 hPa
87 %
10 °C
Скопје - Саб, 06.12.2025 07:59
Најмил Хулио,
ти ми раскажуваш за
бидувањето homo sacer
во Аргентина
во твоето време
пред да заминеш
во ветената земја,
каде што ќе почнеш
од својата удобна фотелја
да им се потсмеваш на сликарските платна
на селаните од Солентинаме
со насмеани крави
и рипки со насмеани усни,
затоа што гледаат низ розови очила.
Јас сакам да ти раскажам
најмил Хулио,
дека има полошо од тоа
да бидеш homo sacer,
тоа е да те убиваат секој ден по малку
по малку
секој ден ново делче
да усмртуваат,
а тоа да е невидливо со голо око
Хулио
никој да не го види
никој да не ти поверува,
Најмил Хулио,
да те убиваат секој ден по малку
тоа сакам да ти го раскажам
ќе ми поверуваш ли ти на невидено,
ќе му веруваш ли на ова писмо
најмил Хулио.