„Скопје 2014“ мора да биде разрушено

17.11.2025 10:04

Спомениците треба да бидат тргнати, триумфалната капија сравнета со земја, сите лавови, коњи и антички ликови, сите столбови и фигуринки расфрлани по крововите...

Зашто е тоа симбол на примитивизмот, на извитоперувањето на историјата и една од најголемите кражби на парите од граѓаните.

Нашите херои не предводеле армии качени на коњи.

Ние немаме врска со Александар таткоубиецот и неговото семејство.

Народот не тргал во револуција по крволочни убијци со исукани ножеви.

Заедно со лавовите мора да бидат тргнати и сите разлетани орли и крстови изградени по раскрсници. И доста со нови цркви и џамии.

Ајде да влеземе во 21 век.

Со задоцнување од 25 години ама да влеземе.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 17.11.25.