1025 hPa
93 %
-1 °C
Скопје - Чет, 15.01.2026 21:59
на баба ми Вана
Бабичке моја најмила
утроба од утробата на твојата утроба
срце од срцето на твоето срце
уште една менструална крв
уште еден грч во стомакот
нежно ткиво на папочната врвца
пресечено со метални ножици
сите линии и набори на земјината кора на твоето лице
сите игриви танци седумосмински тактови
во меморијата на твоите стапала
сите длабоки океани во твоите очи
сите милности во твоите дланки
сета нема женска историја на твоите усни
дај ми некој знак, прати ми абер,
ќе го сетам со срцето од срцето на твоето срце,
кажи ми барем како да почнам
сакам да ја напишам.