Беше месечина

25.11.2025 10:42

Беше месечина, снегот и ние,

одевме тивки во мрачно расположение.

Монограмот на нашите соништа како од дамнина

мижуркаше светилнички. Ветар. Темнина.

Јас бев сам, и ти беше сама, драга.

На погребот на една тивка лага

стражаревме мртовечка стража. Тага.

До крајот на дрворедот стигнавме, бледи.

Твојот парфем од изгниени, свенати резеди...

Роса во стаклото на стаклениот поглед,

Adieu, ma chère, ваквиот живот не е во ред.

 

Превод: П. В.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото