Старост

28.11.2025 12:39

Се плашам од игли.
И уморна сум од гумени чаршафи и епрувети.
Уморна од непознати лица
и веќе мислам на смртта што доаѓа.
Смрт што почнува како сон
полна со разни предмети и со смеата на сестра ми.
Млади сме и шетаме
берејќи диви капини
целиот пат до Дамарискота.
О, Сузан, вресна,
ја исфлека новата блуза.
Устата ми беше полна
со убавата слаткост
а милното темносино мастило капеше
целиот пат до Дамарискота.
Но, што ми правите? Оставете ме!
Зар не гледате дека сонувам?
Насон никогаш немаш осумдесет.

Превод: Љупка Евроска

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото