Хелсиншки комитет за човекови права: Вечер на солидарност 10.12.25. - 19, 00 ч. Цреша бар

01.12.2025 00:55
Хелсиншки комитет за човекови права: Вечер на солидарност 10.12.25. - 19, 00 ч. Цреша бар

Хелсиншкиот комитет за човекови права ја заокружува кампањата „16 дена активизам против родово базираното насилство“ со една топла, хумана и моќна вечер — вечер во која солидарноста станува најгласниот акт на отпор.

Доаѓаш, се дружиш и правиш добро дело.

Сите собрани средства ќе бидат наменети за правна помош на жените што се соочуваат со насилство - поддршка што им ја менува реалноста.

Влезница: 500 денари (вклучена една пијачка). На настанот ќе има можност за дополнителна донација за оние што сакаат да придонесат повеќе.

ЗАБАВНА ПРОГРАМА:

· Војо Иванов - енергичен, духовит и невозможен за игнорирање и Наташа Јанкуловска Торевска - гласот кој сите го знаеме, шарм кој не се заборава
· Лука Ѓоргиевски – најмузикалниот психолог и најголемиот зодијачки гуру меѓу музичарите

Заедно сме погласни од насилството. Една вечер. Многу поддршка. Реална промена.

Дојди да покажеме дека солидарноста не е само збор — туку дело.