1008 hPa
87 %
9 °C
Скопје - Саб, 06.12.2025 06:59
Во овој свет нема место
Каде што би можеле да живеат
Момчињата кои се заколнале
Дека со чело ќе удираат во вратите на кулите
И ќе бидат засекогаш срамежливи.
За нив нема место. Ниту за девојчињата
Кои сакаат да плачат без престан.
Во овој свет ако не си
И на својот тажен гроб радосен
Зелените бикови ќе ти го срушат челото
И преку него ќе се провлечат во шумата.
Превод: П. В.