А морето не мора

09.12.2025 09:24

Изворите мораат да си изградат пат,
а морето не мора.
Реките мораат да имаат цел,
а морето не мора.
Сонцето мора на светот да му се докажува,
а морето не мора.
Галебот мора на морето да му се восхитува,
а морето не мора.
Рибарите мораат мрежи да фрлаат,
а морето не мора.
Бродот мора да има капетан,
а морето не мора.
Жените мораат да ги чекаат морнарите,
а морето не мора.
Светот мора преку помор,
а морето не мора.
Светот мора и што не мора
за да живее.
Светот мора преку море
за мориња го види.
Светот мора, мора,
мора низ река.
Од смеа морето се тркала кон човека.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото